Macedonian Human Rights Movement International
Репорт
ОБСЕ - Демократски институции и слободни избори - Излагање на грчката делегација, користејќи го правото на реплика

Дозволете ми да појаснам некои работи, како одговор на изјавите дадени од претходните говорници.

1. Што се однесува до изјавата на претставникот на муслиманското малцинство во Грција, би сакал да потенцирам дека принципите на државната политика спрема муслиманското малцинство се ставени во функција на еднаквоста пред законот и еднаквоста во заштитата од законот без дикриминација.
Правата на членовите на муслиманското малцинство во Тракија се потполно загарантирани и ефективно заштитени во едно општество каде владее правото на законот.
Нашите муслимански сограѓани активно учествуваат во јавниот живот на земјата и многумина се членови на политички партии и локалните власти. Отприлика тристотина муслимани држат места во префектурните и градските совети во Комотини и Ксанти.
Во врска со коментарите на говорникот на реакциите на кандитатурата на Г-ица Карачасан, млада адвокатка-муслиманка, која се кандидираше за место во канцеларијата на префектот, дозволете ми да ви посочам дека на оваа кандидатура цел еден спектар од политичките партии во Грција гледаат како на природна последица во процесот на потполната интеграција на муслиманското малцинство во јавниот живот.

2. А што се однесува до изјавата на другиот говорник, кој говореше во името на организацијата "Коалиција Виножито" и кој тврди дека е претставник на таканареченото македонско малцинство, би сакал да напоменам дека такво малцинство во Грција не постои. Всушност постојат 2,5 милиони грчки Македонци, горди на нивното наследство и традиции, кои датираат илјадници години наназад.
Горенаведената организација сосема слободно учествуваше на последните неколи политички избори , при што се виде дека нивната постојаност е непостоечка. Како за пример, тие на парламентарните избори не освоија повеќе од 0,02% од гласовите, и покрај тоа што учествуваа во коалиција со други помали групи.

На крај би сакал да потенцирам дека во мојата земја сите партии и организации уживаат, како пред законот, така и во пракса, потполна застапеност во економскиот, социјалниот, културниот и политичкиот живот.