Macedonian Human Rights Movement International
Репорт
Основни слободи II - Излагање на грчката делегација, користејќи го правото на реплика

Г-дин Модератор

Ова утро слушнавме четири изјави кои се однесуваа на состојбата во мојата држава. Се разбира, на мојата делегација ќе и претставува задоволство да одговори на сите изјави дадени од страна на невладините организации. Но верувам дека нашите дискусии ќе добија на квалитет, ако прашањата поврзани со човековите права беа поставени на побалансиран и пропорционален начин. Тоа особено ќе се постигнеше ако беше избегнато постојаното повторување во опишувањето на широкиот спектар на предизвици со кои се среќаваат сите земји учеснички.

Г-дин Модератор
Во Грција потполно се почитува слободата на движење. Секоја држава го има правото да го контролира влегувањето на странски државјани на нејзината територија, во согласност со меѓународните стандарди и употребливи национални регулативи. Грција потполно ги применува сите важечки европски (Шенген) правила во издавањето на визи за странски државјани.
Како што и досега постојано потенциравме, муслиманското население во Тракија се состои од три различни етнички групи чии членови се од турско, помачко и ромско потекло. Сепак тие споделуваат иста религија, која е основната причина за сведување на целиот овој ентитет на еден назив - муслимани остварено со Договорот од Лозана од 1923 година. Секој припадник на ова малцинство може слободно да зборува на својот јазик, слободно да ја практикува религијата, обичаите и традициите и да го искажува своето потекло. Не постои никакво негирање за постоење на такво малцинство, туку постои негирање на обидот да се идентификува целото муслиманско малцинство како турско.

Г-дин Модератор,
Слободата на здружување е потполно заштитена со нашиот правен поредок. Според законската пракса на нашиот Врховен суд, секоја забрана за исполнување на оваа слобода мора да биде внимателно испитана од страна на државните судови применувајќи строги стандарди на пропорционалност.
Не постои општа забрана да се користат одредени зборови во именување на некое здружение. Секој случај е испитуван во сопствени рамки, за да се постигне коректен баланс помеѓу индивидуалното право на слобода на здружување и потребата да се заштити јавната безбедност, јавниот ред, и правата и слободите на другите, како што е наведено во меѓународното право кое се однесува на човековите права.
Спрема одлуката на нашиот Врховен суд, донесена на итна седница која што се одржа неодамна, причината за одбивањето на именување на здружение кое го вклучува зборот "турски" е блиску поврзана со основните цели на здружението, за кои се смета дека се во спротивност со јавниот ред и мир.
Што се однесува на обвинувањата дадени од другата невладина организација, а кои се однесуваат на здружението кое сака да го користи називот "македонско", Комитетот на министрите на Советот на Европа веќе има донесено одлука за тој случај. Во оваа резолуција се вели дека Грција ја почитувала конкретната пресуда на Европскиот суд. Случајот сега се наоѓа пред домашните судови.

Би требало да се забележи дека ние имаме стотина научни, деловни, професионални и спортски сдруженија кои го носат името "македонски". Употребата на овој збор за именување на здружение основано од мал број на индивидуи кои сакаат да му наметнат на зборот поинакво значење, во поглед на културата и потеклото, неизбежно би создало голема збунетост со она што тие го мислат или имаат намера да го постигнат со тој збор.
Моменталната законска пракса на грчките судови е во согласност со законската легислатива на Европскиот суд за човекови права, како и со европските и универзалните стандарди за прифатени рестрикции во уживањето на човековите права во целина, поконкретно за правото на слободно здружување.

Ви благодарам Г-дин Модератор.