Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ОБСЕ - Промоција на букварот на македонски јазик - Соопштение за медиумите

Грчкиот амбасадор во ОБСЕ, Г-нот Хараламбос Г. Манесис стана првиот претставник на грчката држава кој официјално доби примерок од македонскиот буквар "Абецедар” за време на годишната средба на ОБСЕ за имплементирање на човечката димензија во Варшава. Оваа иницијатива на ЕСА-Виножито која беше топло примена од другите делегации, доаѓа како одговор на неодамнешните тврдења од страна на грчката држава дека сеуште не постои македонски буквар.

Претставникот на ЕСА-Виножито пред 50-те држави членки и бројните невладини делегации го изјави следново:

[i]"Ние, припадниците на македонската заедница во Грција, го направивме првиот чекор кон признавањето на македонскиот јазик во нашата земја со објавувањето на овој буквар. Иако веруваме дека грчката држава требаше да ја превземе оваа иницијатива која всушност претставува стандардна меѓународна пракса, продолжуваме да ја поттикнуваме нашата влада конечно да го воведе македонскиот јазик во државниот образовен систем.”[/i]

На Работната сесија на етничките малцинства на Средбата на ОБСЕ, делегациите на ЕСА-Виножито и Домот на македонската култура го потенцираа фактот дека Грција сеуште применува неприфатлива политика кога станува збор за етничката и лингвистичката различност.

ЕСА-Виножито би сакала да се надева дека овој симболичен гест како и издавањето на букварот на македонски јазик ќе ја натераат грчката држава да ја ревидира нејзината политика и во најмала рака да ги применува меѓународните и демократските искуства во заштитата на човековите и малцинските права.

Канцеларија за печат на ЕСА-Виножито