Репорт
Репорт
ОБСЕ - Унапредување на толеранцијата и не-дискриминацијата, Национални малцинства - Излагање на грчката делегација - користејќи го правото на реплика
1. Мојата делегација го побара правото на реплика поради изјавата која ја даде истакнатиот претставник на САД, во која тој спомена постоење на албанско, македонско и турско малцинство во Грција. Изнесените ставови се погрешни, наведуваат на погрешно мислење и безпредметно сугерираат некоја заостреност на ситуацијата во мојата земја. И покрај се, многу од термините кои ги користи истакнатиот претставник за да ја опише горенаведената ситуација доаѓаат потполно во спротивност со оние (термини) кои се користени во многу прилики, во пишана или говорна форма, од страна на истакнати претставници на администрацијата на Соединетите Држави.
2. Со почит кон муслиманското малцинство во Тракија, би сакал да напоменам дека Договорот од Лозана од 1923 година е единствениот валиден документ за муслиманското малцинство во Грција. Членовите на муслиманската заедница можат слободно да го изразат нивното етничко потекло (турско, помачко или ромско), да го зборуваат нивниот јазик, да ја практикуваат нивната религија и да ги следат нивните обичаи и традиции. Принципот на индивидуално самоопределување е потполно заштитен во Грција. Она што не е прифатливо во Грција е обидот да се воспостави единствен етнички идентитет за целата муслиманска заедница во Тракија, со тоа што ќе ги стави Помаците и Ромите под еден заеднички идентитет.
Членовите на муслиманската заедница уживаат широк спектар на образовни права. Дене во Тракија постојат 210 основни училишта. Наставата во истите се одвива на грчки и турски јазик. Во овие училишта се вработени околу 400 муслимански наставници. Поголемиот дел од нив имаат дипломирано на Специјалната педагошка академија во Солун. Две помали средни училишта функционираат во градовите Ксанти и Комотини. Училиштата се наоѓаат во згради обезбедени од грчката држава. Во Комотини и Ехинос функционираат две курански училишта, кои се еднакво признати како и религиозните средни училишта во земјата. Со цел да се подобрат знаењата на учениците во однос на грчкиот јазик се применуваат додатни образовни програми, кои даваат позитивни резултати. Понатаму, во почетокот на тековната година е воведено изборно изучувањето на турскиот јазик во одреден број на не-малцински јавни училишта во Грција.
Што се однесува до високото образование, грчкиот закон овозможува посебна квота за упис на студенти од малцинствата во повисоките грчки образовни институции. Кога во 1996 година овој закон стапи на сила на универзитетите беа примени 70 студенти. Оваа година 315 малцински студенти се запишани во високите образовни институции.
Правата на членовите на муслиманското малцинство во Тракија се потполно загарантирани и успешно заштитени во едно демократско општество каде владее правото на законот. Грчкото законодавство обезбедува специјални мерки во корист на муслиманското малцинство и е во чекор со Европските конвенции за човекови права, вредностите во Европската Унија, како и обврските на ОБСЕ.
Заклучокот е следен: Грција навистина продолжува да го наведува Договорот од Лозана како основа за дефинирање, признавање и заштита на малцинствата предвидени во овој обврзувачки текст на Межународното право. Ова е причината зошто муслиманското малцинство во Грција (од турско, помачко или ромско етничко потекло) се добри, "живи" и напредуваат, додека другото малцинство, грчко-православно овојпат, во соседна држава, исто така споменато во Лозанскиот договор, практично е на смртна постела. Истакнатиот претставник на САД не кажа ниеден збор за нивната тажна судбина.
3. Меѓународното право не ги обврзува државите да признава миграциони заедници како "малцинства". Не постои "стандардизирано меѓународно право" за такво нешто. Членовите на овие заедници се потполно заштитени од основните инструменти за човекови права. Законодавството и праксата на повеќето европски држави, како што стои и во националните закони, декларации или национални извештаи од истакнати меѓународни инструменти, го имаат истиот пристап.
4. Употребата на терминот "албанска малцинска заедница" од страна на истакнатиот претставник е навистина несреќна. Имено, навистина постои бројна заедница на албански граѓани кои престојуваат и работат во мојата држава со цел да остварат подобра иднина за нив, нивните семејства и економијата на нивната држава. Грција не штеди средства за подобрување на стандардите за живот на сите економски имигранти и за таа цел има донесено одреден број на соодветни закони. Овие имигранти се ефективно интегрирани во грчкото оштество. Избегнато е маргинализирање и гетоизирање на истите.
На повисоко ниво, во 2005 година е усвоен закон (применувајќи попригодни ЕУ директиви) кој има за цел имплеметирање принципите на еднаков третман без оглед на, inter alia, расна или етничка припадност, религиозни или други убедувања, и покрива широк спектар на различни области. Истиот именува и воспоставува тела за промовирање на еднакво третирање.
5. Дозволете ми да потенцирам дека скоро два и пол милиони грчки Македонци имаат негативен став кон тоа да бидат деградирани во статус на "малцинство" во регионот, Македонија кој тие го населувале со илјадници години. Ако со терминот "македонско малцинство" истакнатиот претставник сугерира на постоење на една рака грчки граѓани, кои сакаат себеси да се идентификуваат како Славомакедонци на нашиот северен сосед, Поранешната Југословенска Република Македонија, тогаш дозволете ми да го информирам дека членовите на оваа група се потполно квалификувани граѓани на мојата држава, ги уживаат истите права и имаат потполна слобода да ги искажат нивните погледи, да формираат политички партии и здруженија.
Фактот што помал број на луѓе кои живеат во Северна Грција користат, без никакви ограничувања, словенски идиом во рамките на семејствата или во секојдневинот говор, не укажува на постоење на малцинство, бидејќи луѓето кои го користат овој идиом никогаш не се сметале за ништо друго освен за Грци и енергично ги одбиваат обидите на некои кругови нив да ги дефинираат како членови на различна национална, етничка или лингвистичка група.
Меѓународното право не ја наметнува обврската на државите потписнички официјално да признаат група на луѓе како "малцинство" само врз основа на тоа дека мала група на луѓе од време на време користат други локални идиоми.
На крај, за да го ставам целиот проблем во реални граници, дозволете ми да додадам дека гореспоменатата словенско-ориентирана група на грчки граѓани во Македонија (се мисли на грчка Македонија. заб. на прев.) рамноправно учествуваат со нивната политичка партија на парламентарните избори во Грција, секој пат покажувајќи тренд на опаѓање на нивната популарност кон незначаен број на гласови кои ги добиваат, а кои претставуваат не повеќе од 0,02 % од избирачкото тело. Индикативно е што конкретната словенско-ориентирана група не може да го привлече вниманието дури и на оние луѓе за чие промовирање и заштита на интереси се борат, како што тие самите тврдат.