Macedonian Human Rights Movement International
UN Anti-Macedonian Hypocrisy

Обединетите Нации го слават денот на човековите права, а вршат геноцид врз Македонците и македонската култура


„Сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права и достоинство“. Освен ако се Македонци. На 10 декември Обединетите Нации го слават Денот на човековите права, и притоа ја обновуваат својата посветеност на првиот член од Универзалната Декларација на Човековите Права. Но, во исто време, ОН со полна пареа работи на бришење на мојата етничка заедница.

Во изминатите три декади, ОН ги прекршуваше својата сопствена Повелба, меѓународното право и конвенциите за човекови права, во обид да и го смени името на Република Македонија, значењето на зборот „македонски“, и идентитетот и историјата на една цела етничка група. Овие дејствија претставуваат не само културолошки геноцид, туку и вистински геноцид – според дефиницијата на Обединетите Нации.

Ги прашуваме земјите членки на ОН кои го поддржуваат овој притисок – со кое право?

Почитување и заштита на човековите права на сите луѓе – освен ако се Македонци - ваков амандман треба да се додаде на Повелбата на ОН, организација која отворено крши два од своите основни принципи:

Член 2 (1) – „Организацијата е заснована на принципот на еднаква
сувереност за сите нејзини Членки“ и

Член 2 (7) – „Ништо содржано во оваа Повелба нема да им дозволи на Обединетите Нации да интервенираат во прашања кои суштински се под домашната надлежност на било која држава и на државите Членки нема да се наметне решение на овие прашања според оваа Повелба“.

Држави членки со „еднаква сувереност“ имаат право на нивното име и идентитет. Ништо не им дозволува на Обединетите Нации да се мешаат во внатрешните прашања на некоја земја – членка. Правно и морално, Обединетите Нации немаат право да ја натераат Република Македонија и македонскиот народ да го сменат името.

Тука не зборуваме само за Македонците во Република Македонија. Регионот Македонија беше поделен во 1913 година (сите страни, вклучително и окупаторите, го признаваат овој факт) меѓу Србија (овој дел денес е независен како Република Македонија), Бугарија, Грција и, на крајот, Албанија. Оттогаш Македонците се борат против обидите за нивно бришење. Но, не ни помислувавме дека вакви обиди ќе бидат поттикнати од ОН.

Грција, иронично, го забрануваше зборот „Македонија“ и го негираше неговото постоење, се до драматичната промена што се случи кај нив во 1988 година кога отпочнаа пропагандна кампања со цел да го измамат светот и да го убедат дека Македонија отсекогаш била „грчка“. Да не заборавиме дека и другите окупатори полагаат право на Македонија. Затоа, наместо да се вплеткаме во оваа брутална партија балкански рулет, ајде да користиме здрав разум: Македонија е македонска.

Со овој втор повик на разум (со среќа нека ни е) се надеваме дека Обединетите Нации ќе почнат да ја почитуваат својата сопствена повелба и принципите кои велат дека ги почитуваат. Не, поточно, нема потреба да се надеваме. Бараме Обединетите Нации веднаш да ја примат Република Македонија како членка под нејзиното вистинско име, и на тој начин правно и трајно да стават крај на сите обиди да се сменат македонското име и идентитет.

Бил Николов, претседател
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права