Macedonian Human Rights Movement International
Our Name Is Macedonia
Соопштение за медиумите

ММДЧП ги информира членките на Обединетите Нации дека Македонија НЕ го смени своето име – итно бараме поддршка за да се стави стави крај на промената на името која ни е наметната од Западот


Нелегитимниот „премиер“ Зоран Заев да ја измами меѓународната заедница и да ја убеди дека Македонија го сменила своето име, и покрај тоа што Претседателот Ѓорге Иванов не го потпиша нелегалниот и со сила наметнат документ за менување на името на Република Македонија. Македонија не го смени своето име. Членот 75 од македонскиот Устав јасно вели дека секој закон мора да биде потпишан од Претседателот.

Иванов порача: „Мојот став е конечен и нема да е поколебаат со никакви притисоци, уцени и закани. Нема да потпишам ваков штетен текст на договор“.

Изјавата на Иванов се однесуваше на Преспанскиот договор, кој ја преименува Македонија во „Северна Македонија“ и го редефинира идентитетот и етничката припадност на македонскиот народ, дури и надвор од границите на Република Македонија; наметнува менување на македонската историја со цел да се задоволат грчките и бугарските анти-македонски барања и содржи понижувачки одердби за тоа како може да се опишат македонскиот јазик и етничката припадност кои се во спротивност со меѓународното право и пракса.

Дури и самото постоење на Преспанскиот договор, а не пак неговото незаконско усвојување, е спротивно на Уставот бидејќи договорот не беше потпишан од Претседателот Иванов, чекор што повторно е во спротивност со македонскиот Устав.

И покрај тоа што неговите постапки се крајно незаконски, САД и ЕУ го поддржуваат Заев и неговиот режим и го нарушуваат македонскиот правен поредок со тоа што го заобиколуваат Претседателот, ги објавија уставните амандмани за промената на името во Службениот Весник и сега тврдат дека промената на името стапила на сила. Ова би било исто како Конгресот на САД да усвои закон, но да го заобиколи Претседателот и да го прогласи законот за важечки без неговиот потпис.

Едноставно кажано, ако некој се обидува незаконски да изгласа закон, тој закон не е закон. Ако се кршат Уставот, Деловникот на Собранието, Кривичниот Законик, меѓународното право, конвенциите за човекови права, демократските принципи и волјата на народот, тогаш тоа не е закон. Ова се основните принципи на демократијата кои секоја држава – членка на Обединетите Нации вели дека ги почитува. Не постои ниту една причина зошто било која држава на светот би дозволила да се случи нелегитимното, наметнатото менување на името на Македонија.

Дозволете дополнително да го илустрираме кршењето на македонското и меѓународното право од страна на режимот на Заев. Заев и нареди на специјалната полиција да ги нападне Македонците кои се спротиставуваа на промената на името и идентитетот; отпушта луѓе од приватни и државни компании; затвора медиуми; блокира пристап до социјалните медиуми за неговите политички противници; фалсификува избори преку полнење на гласачки кутии и масовни други неправилности; го игнорира фактот дека македонскиот народ, преку референдум, масовно ја отфрли промената на името; преку Владата им се заканува и започнува истраги против критичарите на неговите политики; уапси шест опозициски пратеници и со тоа си отвори пат незаконски да наметнува нови закони и, со помош на американскиот амбасадор Џес Бејли, држеше жени пратенички затворени во Собранието спротивно на нивната волја и ги уценуваше и им се закануваше на нивните роднини со затвор доколку не ги послушаат неговите наредби и не гласаат за промена на името.

Меѓународната заедница мора да се обедини во заштита на демократијата и владеењето на правото. Оттаму, Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права бара од земјите членки на ОН едногласно да повикаат да се стави крај на принудното спроведување на Преспанскиот договор и да соопштат дека тие не го поддржуваат менувањето на македонското име во Обединетите Нации.

Понатаму, бараме да се поднесе барање пред Генералното Собрание на Обединетите Нации со кои ќе се бара да се почитуваат принципите на ОН и владеењето на правото (да се отстрани незаконоскиот, илегален услов кој и се наметна на Македонија при приемот во ОН во 1993 година, а кој е во спротивност со Повелбата на ОН) и да и се дозволи итен прием на Република Македонија под нејзиното вистинско име, со што трајно ќе се стави крај на сите обиди за менување на името.

Бараме Русија и Кина, како членки на Советот за безбедност на ОН, да стават вето на сите обиди за менување на македонското име.

Ја повикуваме Турција и другите членки на НАТО кои се заинтересирани за заштита на демократските принципи и меѓународното право да го отфрлат секое менување на македонското име и да стават вето на приемот на Македонија под името „Северна Македонија“ или било кое друго неуставно име.

Ова не е „дипломатски спор“, како што Западот сака завиено да го претстави. Ова е здружен обид да се избрише еден стар и горд народ на начин на кој што ќе им се ускратат најосновните човекови права; земјите членки на ЕУ и НАТО не би ни помислиле да им го направат на своите граѓани тоа што и го наметнуваат на Македонија. Демократските и напредни сили од целиот свет не можат да седат настрана и да дозволат ова да се случи.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) ктивно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.