Macedonian Human Rights Movement International
Symposium Cafe Restaurant
Соопштение за медиумите

Македонски деловни луѓе од Егејска Македонија со поддршка за кампањата Нашето име е Македонија на ММДЧП


Symposium Cafe Restaurant Двајца истакнати македонски претприемачи од Егејска Македонија, кои живеат и работат во Канада, најавија дека ќе ја продолжат нивната поддршка на кампањата Нашето име е Македонија на Македонското меѓународно движење за човекови права, и на борбата против менувањето на македонското име и македонскиот идентитет.

Бил Арго, сопственик на синџирот ресторани Симпозиум кафе и инвеститорот во недвижности Минчо Ташев се долгогодишни поддржувачи на ММДЧП. Двајцата потекнуваат од делот на Македонија анектиран од страна на Грција во 1913 година, по Балканските војни.

- Додека растев, грчките власти ме напаѓаа и тепаа ако кажев дека сум Македонец. Моето село беше бомбардирано затоа што сме Македонци. Бев сведок како мои роднини се убивани затоа што се Македонци. Никакви закани не можат да ме натераат да се откажам од тоа што сум. Што и да ми понудат САД, НАТО и ЕУ, јас не можам да се откажам од тоа што сум, изјави Минчо Ташев.

Било какво наметнато менување на името на Република Македонија ќе има последици за сите Македонци кои се борат за своите основни човекови права во Егејска Македонија, во Пиринска Македонија, во Преспа/Голо Брдо и насекаде низ Балканот и светот.

- Што и да ни ветуваат Заев и другите околу него, ако државата биде наречена "Северна Македонија", здравиот разум и искуството со многу други вакви примери налагаат дека нашиот идентитет, етничка припадност и јазик исто така ќе станат "северномакедонски". Ниту еден Македонец нема право да им го смени името и идентитетот на сите Македонци. Целиот живот се борев да бидам тоа што сум и никогаш нема да запрам, вели Бил Арго.

Арго и Ташев упатуваат свој заеднички апел до сите Македонци
- Не можеме и нема да дозволиме Македонија и нашиот македонски идентитет да им бидат предадени на нашите угнетувачи. Ги повикуваме сите истакнати Македонци веднаш да се приклучат и да ја поддржат кампањата Нашето име е Македонија. Ова е најкритичното прашање за сите Македонци од независноста до сега. Не смееме да отстапиме.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.