Macedonian Human Rights Movement International
ЕСА (Европска слободна алијанса): Преспа - Опасен договор

EFA Сериозна загриженост околу таканаречениот "Преспански договор" меѓу Грција и Република Македонија

На фактот што Република Македонија во иднина би можела да има попозитивни изгледи кон нормализацијата на нејзините односи со Грција и посветла иднина во однос на процесот на пристапување на земјата кон ЕУ и НАТО, Европската слободна алијанса гледа многу позитивно. Сепак, условите на Договорот од Преспа се во судир со почитувањето на Република Македонија како суверена земја со соодветна историја, идентитет и јазик, и покажуваат дека преговорите и нивниот конечен исход не биле во духот на меѓусебното почитување на двете страни, ниту пак на еднакво рамниште на истите.

Со договорот, Македонија се обврзува на неправични договори, како на пример бришење на историјата на Македонија и искоренување на секоја трага на Македонците што живеат во Грција. Претседателот на ЕСА, Франсоа Алфонси, изјави дека "крајот на грчката блокада на интеграцијата на Република Македонија во НАТО и ЕУ има цена која е можеби едноставно превисока за прифаќање. ЕСА е многу загрижена за последиците од договорот, најмногу за тоа што се плашиме дека ќе се случи со македонското малцинство во Грција (и Бугарија). ЕСА е загрижена дека недостатокот на почитување на македонското малцинство во споменатите земји-членки ќе продолжи во уште понадолна линија. Овој договор го поткопува македонскиот идентитет во целина, и ги препушта македонските малцинства во соседните земји на искоренување."

Грција (и Бугарија) никогаш не го признале постоењето на какво било македонско малцинство на нивните територии. Сега, по овој договор, ситуацијата со македонските малцинства во соседните земји дополнително ќе се влоши. Лорена Лопез де Лакал, Потпретседател на ЕСА, која го посети македонското малцинство во Бугарија годинава, подвлекува дека "ако македонската историја се интерпретира и пишува од страна на Грција, ако македонскиот идентитет го одредува Грција, ќе има уште помалку простор за македонското малцинство во Грција и Бугарија да се изрази и да ги изложи своите потреби. Република Македонија ќе мора да сноси дел од одговорноста за неправдите кои произлегуваат од Договорот од Преспа. Крајот на блокадата на пристап во ЕУ и НАТО не смее да го поткопа правото на постоење на цела една нација."