Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП ја осудува анти-македонската дволичност на Обединетите Нации и нивната прослава на 70-годишнината на Денот на човековите права

Human Rights "Сите луѓе се родени слободни и имаат еднакви права и достоинство", порачува Членот 1 од Универзалната повелба за човековите права на Обединетите Нации.

Освен ако се Македонци. Во изминатите три декади, ОН ги прекршуваше својата сопствена Повелба, меѓународното право и конвенциите за човекови права, во обид да и го смени името на Република Македонија, значењето на зборот "македонски", и идентитетот и историјата на една цела етничка група. Овие дејствија претставуваат не само културолошки геноцид, туку и вистински геноцид - според дефиницијата на Обединетите Нации.

Ги прашуваме земјите членки на ОН кои го поддржуваат овој притисок - со кое право?

Почитување и заштита на човековите права на сите луѓе - освен ако се Македонци - ваков амандман треба да се додаде на Повелбата на ОН ако продолжи бесрамното кршење на два од основачките принципи на Организацијата:

Член 2 (1) - "Организацијата е заснована на принципот на еднаква сувереност за сите нејзини Членки" и
Член 2 (7) - "Ништо содржано во оваа Повелба нема да им дозволи на Обединетите Нации да интервенираат во прашања кои суштински се под домашната надлежност на било која држава и на државите Членки нема да се наметне решение на овие прашања според оваа Повелба".

Држави членки со "еднаква сувереност" имаат право на нивното име и идентитет. Ништо не им дозволува на Обединетите Нации да се мешаат во внатрешните прашања на некоја земја - членка. Правно и морално, Обединетите Нации немаат право да ја натераат Република Македонија и македонскиот народ да го сменат името.

ММДЧП бара Обединетите Нации да ги почитуваат своите сопствени принципи и веднаш да ја примат Република Македонија како членка под нејзиното вистинско име, и на тој начин правно и трајно да стават крај на сите обиди да се сменат македонското име и идентитет.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125,
info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.