Macedonian Signs in Greece
Соопштение за медиумите
ММДЧП бара враќање на оригиналните македонски имиња во Грција

Macedonian Signs in Greece Торонто, Септември 14, 2016 - Советот на Европа, во своето тврдење дека ги заштитува малцинските права, гарантира "користење на личното име...и топографски имиња на малцинскиот јазик". Зошто тогаш, Македонците сеуште се присилени да користат грчко-наметнати имиња, не им е дозволено да ги именуваат своите деца со македонски имиња, и не им е дозволено да ги користат оригиналните, македонски имиња на градовите и селата?

Користењето на двојни имиња е редовна појава и поттикната во Европскиот Сојуз, но не во Грција, член на Европскиот Сојуз. Македонското меѓународно движење за човекови права бара враќање на оригиналните македонски имиња на луѓе и топоними во Грција. Освен тоа, бараме Советот на Европа да ја објасни својата неактивност во однос на дискриминацијата на Грција кон Македонците, и одбивањето на Грција да ја ратификува Рамковната конвенција за заштита на национални малцинства (РКЗНМ) или Европската повелба за регионални или малцински јазици. Меѓутоа, ратификување на овие повелби, како што тоа го стори Бугарија, нема направено никаква разлика кон заштита на македонското малцинство во Бугарија, бидејќи Советот на Европа одбива да ги спроведе своите Повелби. Забележете дека ММДЧП го користи зборот "бара" бидејќи никој не треба да моли за основни човекови права и крај на дискриминацијата врз основа на своето етничко потекло.

Како додатна навреда на секој кој се осмелува да биде Макдеонец во Европскиот Сојуз, Советот на Европа ја именува Република Македонија како "поранешна југословенска Република Македонија". Иронично е што Република Македонија ја има ратификувано и ја спроведува РКЗНМ, а истовремено не може да добие признание за своето име или малцинство во Европскиот Сојуз. Меѓувремено, Советот на Европа продолжува да се претставува како "...водечка организација за човекови права на континентот."

Macedonian Signs in Greece
Macedonian Signs in Greece

Македонците во егејскиот дел од Македонија ги менуваат имињата на патоказите за да се вклучат оригиналните македонски имиња, а потоа грчките власти ги уништуваат истите и заменуваат со грчко-наметнати имиеа на селата/градовите. Европскиот Сојуз има политика за двојно именување на населените места, но одбива да го спроведе истото за македонското малцинство во Грција. ММДЧП бара ова веднаш да се промени. Види ја нашата објава за јавните гласила: ММДЧП бара враќање на оригиналните македонски имиња во Грција

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.