Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Жртвите на помалку познати форми на расизам се соочуваат со тешки битки

Minority Ethnic Group Извор: thehill.com/blogs/pundits-blog/foreign-policy/307664-when-greece-and-hillary-clinton-tried-to-erase-macedonia

Што би се случило доколку некој политичар, или тој што е на чело на неговиот изборен штаб, упати навредлив коментар со кој што го негира етничкото потекло на една цела група граѓани, доколку продолжи да го игнорира прогонот врз таа група, обидувајќи се да го смени нивниот етнички идентитет? Вонредни ударни вести? Голем скандал, нели? Но само ако е високо профилирана група. Сочувство до оние групи граѓани кои што не се многу познати. Такво нешто се случи за време на изборите во САД, меѓутоа, се разбира, без некаков посебен интерес од страна на медиумите. Викиликс откри дека Џон Подеста, прв човек во изборниот штаб на Хилари Клинтон, упати негативни забелешки за Македонија, без да сноси никакви последици заради тоа. Причината лежи во фактот што и самата Хилари Клинтон пропагира анти-македонска политика со која што таа лично бараше од Македонија да го смени своето име за да се задоволат барањата на Грција, држава која што иницираше вештачки спор за името, признавајќи дека се обидува "да ја избрише Македонија од мапите".

Малку познатите групи граѓани, не само што мораат да ги објаснуваат причините зошто некои термини што се употребуваат ги сметаат за расистички, туку често се во ситуација да мора да се правдаат заради својот бес и зошто е неопходно да ја водат таа нивна тешка битка. Ако општеството како целина не може да ја разбере "навредата", надвладува впечатокот дека таа малцинска група е "претерано чувствителна". Да го земеме примерот со фудбалските тимови Cleveland Indians, или Washington Redskins... нели е тоа доволно? Би требало да биде, но јас морам да дообјаснувам. Тоа што некој не може да разбере дека терминот Redskins е навредлив е вон досегот на моите сфаќања, но поентата е во тоа што, дури и да е нејасно (и необјасниво) зошто нешто е расистичко, доколку засегнатата група го смета тоа за расистичко - треба да се прифати како аксиома.

Добро познатиот канадски политичар, Џим Каригианис, кој што има кажано и напишано бројни
анти-македонски коментари во медиумите, ја бранеше употребата на навредливиот однос, па дури беше објавено и едно видео на кое што упатува пофалби за едно предавање кое го возвишува бомбашкиот напад и убиството на македонски цивили од страна на грчките владини сили. Честитки за големите медиуми кои што ги објавија ставовите на ММДЧП во врска со овој настан, и за разните организации кои што јавно дадоа поддршка за ММДЧП и за канадско-македонската заедница, но сепак скандалот помина без последици за Каригианис. Либералната партија, на која што тој беше член, не презеде ништо. Како и во примерот со Хилари Клинтон, Либералната партија пред отприлика една деценија изнесуваше конкретни анти-македонски и про-грчки ставови. Каригианис во меѓувреме стана општински советник во Торонто, но градоначалникот Џон Тори и градскиот совет не направија ништо. Иако Тори има некои добри карактеристики, брзото реагирање не е една од нив. Да се надеваме дека тоа е само еден издвоен случај, но повеќе од веројатно е дека тој се надева дека овој проблем ќе се заборави. Но ние нема да го заборавиме. И остануваме со надеж дека за овие прашања ќе има конкретни акции, а не само вообичаена хипокризија.

Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
157 Adelaide Street West, Suite 434
Toronto, ON M5H 4E7

www.mhrmi.org
416-850-7125