Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Реакција од ММДЧП за прогрчката "ревизионистичка историја" објавена во Торонто Стар

Toronto Star * Ги повикуваме сите Македонци да побараат извинување од Торонто Стар и од авторот Коди Пунтер @TorontoStar - @bordersnbetween - letterstoed@thestar.ca

* Ретвитнете и споделете го писмото од ММДЧП@mhrmi - facebook.com/mhrmi - www.mhrmi.org

Re: Македонските градежни зафати имаат за цел од Скопје да направат атрактивна туристичка дестинација
http://www.thestar.com/

Во статијата на Коди Пунтер од 12 јануари, 2016 година, тој наведува дека "Македонскиот град Скопје, благодарение на нео-класичните градежни зафати, во последните неколку години е претворен во величествен Хеленистички Дизниленд".

Дали г-динот Пунтер е свесен за сериозните проблеми меѓу Македонија и Грција, со кои што е зафатен регионот уште од 1991 година? Бесмислениот спор за името, инициран од страна на Грција во обид да го искоренат постоењето на Македонија, не е во корелација со подигање споменици на непостоечки "грчки" херои од страна на Република Македонија. Ова беше или свесен обид од страна на г-дин Пунтер за ревитализација на прогрчките погледи на историјата, или крајно непознавање на проблемот за кој што тој не би требало да пишува.

Наместо да ја овековечува романтичарската верзија на грчката историја, г-динот Пунтер треба да пишува за тоа дека Македонија ја слави својата богата историја и култура, која што егзистира и покрај минатите и сегашни обиди на Грција да ја избрише од географската мапа. Грчките комплекси на виша вредност, потпомогнати во одредена мера и од Западот, резултираше со тешки репресии врз Македонците и другите малцинства во Грција. За среќа, во последниве неколку години, опасниот мит за некаков грчки етнички континуитет беше разоткриен и навистина е тешко се наоѓа таков драстичен пример за погрешен поглед на историјата. Откако ќе се извинат заради оваа статија што наликува на пародија, би било добро г-динот Пунтер и Торонто Стар да се потрудат да ја разоткријат вистината за Грција.

Бил Николов, претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.