Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
ММДЧП и АМКЧП го зголемија фондот од кој што се финансира одржувањето на часови за Македонски јазик во Солун, Егејска Македонија


Macedonian Language Classes
Торонто, Солун и Мелбурн - ММДЧП и АМКЧП со задоволство информираат дека го зголемуваат фондот од кој што се финансира организирањето на часови за Македонски јазик во Солун, Егејска Македонија. Напоредно со тоа, предвидено е и отворање на повеќе паралелки во различни градови и села низ Егејска Македонија. Часовите се одржуваат во организација на Виножито и таа е единствената организација која организира изучување на македонски јазик во Грција.

"Без помош на ММДЧП и АМКЧП, одржувањето на овие часови по македонскиот јазик не би било можно. Овие две организации повеќе од две децении финансиски го помагаат движењето за човекови права на Македонците и со тоа ги поттикнуваат Македонците во балканските држави да ги бараат своите права", изјави Димитри Иоану (Јованов), член на "Виножито" и Уредник на "Нова зора".

Доколку сакате да дадете придонес и да помогне да се обезбеди опстојување и развој во изучувањето на македонскиот јазик во Грција, ве молиме да се приклучите во
Фонд на ММДЧП за човекови права или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете ја www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на info@macedonianhr.org.au или преку +61 3 93298960.

Дадете ја вашата поддршка за остварување на македонските човекови права со пристапување во Фонд на ММДЧП за човекови права или во Фонд на АМКЧП за поддршка на македонските малцинства. Вашaтa донација директно ќе се употреби за финансирање на значајни активности поврзани со остварување на човековите права на Македонците на Балканот.