Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Соопштение на ЕСА-Виножито, AMHRC и MHRMI во врска со извештајот на Стејт департментот од 2010 година за човековите права во Грција

State Department Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) - Соопштение за медиумите

Европската Слободна Алијанса - Виножито, политичката партија на македонското малцинство во Грција, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) и Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (MHRMI) ја повикуваат меѓународната заедница да ја принуди грчката влада да преземе акцији за ставање крај на нејзините повреди на човековите права како што е обелоденето во годишниот извештај на Стејт Департментот на САД за човековите права во Грција.

Сепак, повторно, негирањето на правата на македонското малцинство е вклучено во овогодинешниот извештај.

Во однос на слободата на здружување, Стејт Департментот истакна дека "владата продолжува да одбива да дозволи регистрација на здружението "Дом на Македонската Култура" спротивно од одредбите на цивилниот код" и дека во текот на годината меѓународни и невладини организации изразија загриженост дека оваа практика ја повредува слободата на здружување." Слични проблеми, исто така, постојат во однос на турски културни здруженија.

Во извештајот, исто така, е забележано дека "најмалку десетина неидентификувани лица, насилно ја прекинаа презентацијата на новиот грчко-македонски речник и обраќањето на еден западен лингвист и академик во Центарот за Странски Дописници во Атина. Според информациите лицата оштетиле банери и видео опрема, а повредиле и најмалку еден новинар. Наводно, тие биле членови на ултра-националистичка група Хриси Авги (Златна Зора). "Ова неонацистичка група е толерирана од страна на државата и целосно учествува во политичкиот живот на Грција.

Исто така Стејт Департментот го споменува извештајот издаден во Март 2009 година од страна на независниот експерт за малцински прашања на ОН, г-ѓа Гај Мекдугал, во кој таа "ја повикаа владата да се повлече од спорот околу тоа дали постои македонско или турско етничко малцинство во земјата и наместо тоа да се фокусира на заштитата на правото на само-идентификација, слободата на изразување и слободата на здружување на тие заедници и целосно да се усогласи со пресудите на ЕСЧП кои велат дека на здруженијата треба да им биде дозволено да го користат зборот "македонски" и " турски "во нивните имиња и слободно да ги изразуваат своите етнички идентитети. Независниот експерт откри дека тие што се идентификуваат себеси како етнички Македонци се уште пријавуваат дискриминација и малтретирање. Претставниците на ова малцинство тврдат дека се оспорува правото на слобода на здружување, цитирајќи неуспешни напори од 1990 година да се регистрира здружението "Дом на македонската култура" во Лерин."

Иако ЕСА-Виножито, AMHRC и MHRMI го поздравуваат вклучувањето на горенаведените информации во извештајот, има некои значајни пропусти кои би можеле да го зајакнат извештајот со цел да се добие подобра слика за состојбата на човековите права во Грција. На пример, во извештајот не се споменуваат Македонците политички бегалци кои беа протерани од Грција за време на граѓанската војна во Грција и на кои не им се дозволува враќање во Грција ниту враќање на државјанството и правото на сопственост, поради фундаментално дискриминаторските закони донесени во 1982 и 1985, односно таквите права беа овозможени само за "Грците по род". Во 2009 година оваа дискриминација беше забележана од страна на независниот експерт за малцински прашања на ОН, Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ECRI),а повеќето податоци неодамна беа повторно забележани во извештајот на Борис Цилевич од Парламентарното Собрание на Советот на Европа (PACE). Во делот на верските слободи, Стејт Департментот не успеа да го спомене постојаниот прогон на отец Никодим Царкњас и негирањето на црковни служби на македонски јазик.

Исто така, морат да се истакнат голем број на неточни податоци во извештајот на Стејт Департментот. Прво на македонски јазик не се зборува само во "северозападната област на државата", односно во Регионот на Западна Македонија, како сугерира извештајот, но, исто така, во северно-централниот дел на земјата, имено, во регионот на Централна Македонија, односно околу градовите Воден, Негуш и така натаму. Второ, во однос на изјавата дека "мал број на лица кои зборуваат на словенски јазик инсистират на само-идентификување како"Македонци" сакаме да нагласиме дека е неприфатливо (и неточно) бројот на лица во северна Грција, кои се идентификуваат како Македонци по националност и бројот на луѓе кои зборуваат на македонски јазик да се прогласи како "мал".

Со оглед на фактот дека во Грција, преку пописот, нема податоци олколу прашања од етнички и јазичен идентитет не е соодветно Стејт Департментот (а уште повеќе грчката влада) да шпекулираат со броеви. ЕСА-Виножито, AMHRC и MHRMI ја повикуваат меѓународната заедница да побара од грчката влада во следниот национален попис во 2011 година., под меѓународен надзор, да се соберат податоци за етничката и јазичната разновидност.

Во однос на тврдењата во извештајот дека "Владините претставници и судовите ги одбиват барањата од страна на словенски групи, да се идентификуваат со користење на зборот" македонски ", наведувајќи дека околу 2,2 милиони етнички (и лингвистички) грчки граѓани, исто така, го користат терминот "македонски"за да се идентификуваат" ние би сакале да истакнеме, како што сме правеле и во минатото, дека ова е лош обид од страна на грчката влада да манипулира со овие прашања. Етничките грчки граѓани кои би можеле да се идентификуваат како "Македонци" го прават тоа во регионална / географска смисла (и многу, исто така се идентификуваат како Понтијци, бегалци-дојденци итн, во смисла на тоа дека значителен број од нив се населиле во Грција од Мала Азија, по 1923 година), додека другите грчки граѓани се идентификуваат како Македонци во етно-културна смисла. Тврдењето дека некои етнички Грци додават географски / регионален префикс пред нивниот главен етнички идентитет ("грчки") не можат да служат како оправдување за скратување од Македонците на своеото право на етнички идентитет. Правото на само-идентификација е од клучно егзистенцијално значење и мора да се почитува. Овие точки би требало да бидат признаени од страна на Стејт Департментот во својот извештај и грчката одговорност не треба да се презентира на тој начин, кој се чинеше дека се обидува да обезбеди "оправдување" за дискриминаторската политика на грчката држава.

Конечно, ЕСА-Виножито, MHRMI и AMHRC оваа година мора уште еднаш силно да ја осудиме употребата од страна на Стејт Департментот на термините "словенски дијалект" и "словенски групи. Овие не се условите на само-идентификација и би било посоодветно во извештајот за човековите права на Стејт Департментот навистина да се почитува принципот на само-идентификација и да се споменува оваа група и нејзиниот јазик, едноставно, како македонски. Овие термини веќе долго време во Грција се употребуваат погрдно и биле користени во комбинација со обидите насилно да се асимилираат, па дури и да се истребат, Македонците. Ние веруваме дека оваа грешка во извештајот наредната година ќе биде поправена.

Извештајот за Грција за 2010 година може да се најде тука http://www.state.gov/g/drl/rls/hrrpt/2009/eur/136034.htm

###

Европската Слободна Алијанса - Виножито е политичка партија на македонското малцинство во Грција. Партијата има канцеларии во Лерин / Флорина и Воден / Едеса.
За повеќе информации, посетете ја веб страницата www.florina.org, или контактирајте по е-пошта: vinozito@otenet.gr или на телефонот +30 23850 46.548.

Основан во 1984 година Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (AMHRC) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со AMHRC на macedonian_rights@hotmail.com или преку 61 3 93.298.960.

Македонското меѓународно движење за човекови права (MHRMI) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. За повеќе информации, посетете ја www.mhrmi.org, или контактирајте го MHRMI на 416-850-7125 или info@mhrmi.org.