Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Македонците бараат прекин на преговорите за името

Нашето име е Македонија Торонто, Канада и Мелбурн, Австралија (19 август, 2010) - Македонците од Република Македонија и од целиот свет дадоа огромна поддршка за рекламната кампања "Нашето име е Македонија", со која што се бара Македонија да ги прекине сите преговори со Грција за своето име.

Рекламни банери се појавуваат во печатените и интернет изданијата на поголемите весници, се емитуваат телевизиски реклами, се поставуваат билборди во центарот на Скопје, а и неколку стотини илјади летоци се дистрибуирани низ целата земја.

ММДЧП и АМКЧП ќе ја одржат и својата трета прес-конференција на која што ќе бидат изнесени најновите информации во врска со кампањата.

Инаку, некои македонски медиуми се одлучија да ја игнорираат пораката од рекламната кампања и објавуваа статии со кои што се напаѓа македонската дијаспора за оваа иницијатива, а во очајнички обид да се потцени основното барање на кампањата си дозволија дури и да упатат критики за детето кое што се појавува на постерите. Тие одлучија да продолжат со нивната сопствена кампања на сеење страв, обидувајќи се да ја убедат македонската јавност дека промената на името е неопходна за да се влезе во НАТО и ЕУ.

Оваа рекламна кампања не се однесува на прифаќање или откажување од членство во НАТО и ЕУ. Се работи само за барање конечно да се стави крај на бесмислените "преговори за името".

Македонија воопшто не треба да се фокусира на правење компромис за сопственото име и идентитет. Македонија треба да се фокусира на зачленување во НАТО, зачленување во ЕУ, на почитување на принципите на кои што се засновани овие организации, како и на барање поддршка за признавање под името Република Македонија. НАТО и ЕУ треба да и' упатат јавна критика на Грција заради тоа што станаа заложници на нејзината ксенофобична политика.

Државите кои што веќе ја признаа Македонија мора да и' дадат јавна поддршка, а не да бараат "компромис".

Првиот посредник на ОН за спорот околу името, Робин О'Нил изјави дека "Македонија никако не смее да го смени своето име и да и' попушти на Грција. Ако тоа го стори, тогаш Грција ќе поставува нови и нови барања сe додека не ја постигне својата крајна цел, а тоа е Македонија да ја снема од мапата".

Дури и промена на името само за билатерална употреба може да доведе до трајни промени. Земјите кои што веќе ја признаа Македонија велат: "Доколку се постигне билатерално решение, ние ќе ја почитуваме таа одлука и ќе го користиме новото име за Македонија".

Со продолжување на преговорите, ние самите му изјавуваме на светот дека "ќе го смениме нашето име". Ние самите имаме моќ да му ставиме на ова крај. 127 земји веќе ја имаат признато Македонија под името Република Македонија, вклучувајќи и 4 од 5 постојани членки на Советот за безбедност при Обединетите нации. Прекинете ги преговорите за нашето име.

ММДЧП и АМКЧП бараат од сите Македонци во Република Македонија и странство, да се придружат на барањето Македонија веднаш да ги прекине преговорите за името и да побараат неодложно меѓународно признавање под името Република Македонија.

За да се потпишете, или за да ја видите рекламната кампања, посетете не' на страницата:
Нашето име е Македонија

Рекламен постер на англиски јазик:
www.mhrmi.org/images/campaign.pdf

Рекламен постер на македонски јазик:
www.mhrmi.org/images/campaign_m.pdf

За да преземете рекламен банер и да го ставите на вашиот вебсајт, посетете ја страницата:
www.mhrmi.org/our_name_is_macedonia/web

###

Основано во 1986 година, Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи. За повеќе информации, посетете ја www.mhrmi.org, или контактирајте го ММДЧП на 416-850-7125 или info@mhrmi.org.

Основан во 1984 година, Австралиско-Македонскиот Комитет за Човекови Права (АМКЧП) е невладина организација која се залага за информирање на влади, меѓународни институции и пошироката јавност / заедници за борбата против дискриминацијата и промовирање на основните човекови права. Нашиот стремеж е да се осигура дека македонските заедници како и другите исклучени групи низ целиот свет се признати, почитувани и уживат во правичен третман. За повеќе информации, посетете www.macedonianhr.org.au, или контактирајте со АМКЧП на macedonian_rights@hotmail.com или преку +61 3 93298960.