Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Либералната партија на Канада им се додворува на грчките гласачи, а ги разгневува Македонците

Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) е шокирано од провидниот обид на Либералната партија да ги привлече грчките гласачи во светлина на признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име од страна на Конзервативната партија.

Во извештајот издаден од партијата, членот на парламент од Либералната партија одговорен за прашања од меѓународните односи Ujjal Dosanjh изјави: " Едностраната одлука на г-динот Харпер да го занемари преговарачкиот процес под закрила на Обединетите нации и да се справи со ова спорно прашање непотребно ги подели Канаѓаните, и покажа целосна запоставеност на нијансите во меѓународните односи. Канада не е во ситуација за себеси да се поставува во тековните дебати меѓу други нации.”

Претседателот на ММДЧП, Бил Николов, изјави: "Канада се придружи на 120-те држави во светот кои што ја признаа Македонија под нејзиното уставно име, што значи дека не станува збор за 'едностраност' во одлуката. Оваа бесмислена дебата е иста како Соединтетите Американски Држави изненадно да објават дека имаат проблем со името на Канада и да побараат од Обединетите Нации да посредуваат за изнаоѓање на решение. Грција се спротивставува на името на Република Македонија со намера да продолжи со непризнавањето и прогонувањето на големото македонско малцинство во државата."

Згора на тоа, Либералната партија пропушти да го опомене членот на парламентот Jim Karygiannis за ословувањето на Македонците како 'Скопјани', на 21 септември, 2007 година, во статијата во Globe and Mail. Македонците овој термин го сметаат за многу понижувачки и упатија приговор до Либералната партија, но се покажа како бесполезно. Либералната партија јасно даде до знаење дека не ги прифаќа традиционалните канадски вредности и дека ќе направи се' во очајнички обид да се врати на власт.

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.