Macedonian Human Rights Movement International
Соопштение за медиумите
Расизам и антисемитизам се распространети во Европската Унија

Greece allows neo-Nazis Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - ММДЧП е шокирано од фактот дека Грција дозволува нео-нацисти да шират омраза и што наместо да ги осуди нив, државата одлучила да ги обвини активистите за човекови права. Како што известува Грчкиот Хелсиншки Монитор (cm.greekhelsinki.gr), на 27 декември, 2007, имало "...широки напади и прогонување на активисти од Грчкиот Хелсиншки Монитор и еврејски активисти кои што поднеле жалби против грчките нео-нацисти за нивното искажување на восхит за Хитлер, за негирањето на Холокаустот и за нивните антисемитистички написи.” Кулминација била достигната со нападот врз портпаролот на Грчкиот Хелсиншки Монитор, Панајот Димитрас, кој што за време на судскиот процес одржан на 4 декември, 2007 година, бил вербално и физички нападнат од Теодорос Варикас, мовинар од државниот ТВ канал, NET. Полицијата не реагирала, а ниту истражниот судија не го опоменал напаѓачот. Наместо тоа, Панајот Димитрас бил посоветуван да поднесе тужба во полициска станица, каде му било речено дека може да биде и уапсен доколку напаѓачот поднесе контра-тужба.

Само еден од обвинетите, адвокатот Костас Плеврис, беше осуден и доби условна казна затвор во траење од 14 месеци, за: "повикување на расистичко насилство и омраза и за упатување на расни навреди.” Останатите тројца обвинети, издавач, уредник и новинар на нео-нацистичкиот неделник "Eleftheros Kosmo”, беа ослободени од истите обвиненија. Костатс Плеврис поднесе пријави за неколку судски спорови против луѓето кои што сведочеа против него и иако тие во себе содржат расистички и антисемитистички изреки, истите беа прифатени од Грчкиот Суд и се закажани судски рочишта.

Член на екстремното десно крило на партијата LAOS, претставувајќи ги истовремено и грчкиот и европскиот парламент, постави видео клип од судскиот процес на YouTube (https://www.youtube.com/watch?v=Zj0W4jz9t0A). Во коментарите кои што се објавени под видеото се упатени и смртни закани: "вие го имавте Димитрас пред вас и зарем не го линчувавте? и "смрт за еврејските копилиња; ниту еден Евреин не треба да остане во нашата земја и целиот свет; дајте да ги претвориме во сапун, СЕГА;”

Грчкиот Хелсиншки Монитор истакнува дека "ниту еден медиум, невладина организација за човекови права, политичка партија, или било која друга институција не извести за овие инциденти, а уште помалку да ги осуди. Напротив, имаше неколку случаи на барање за ослободување на нео-нацистите, повикувајќи се на слобода на говорот.”

Претседателот на ММДЧП Бил Николов изјави: "Грозно е тоа што во Грција, долготраен член на Европската Унија и самонаречената 'лулка на демократијата', активисти за човекови права судски се прогонуваат за кревање на гласот против расизмот и антисемитизмот. Ќе застане ли конечно Европската Унија во одбрана на вредностите кои што самата ги прокламира и на кои што се потпира?”

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.