Click to print


Соопштение


Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонци во Албанија и во светот да го бојкотираат престојниот референдум во татковината Република Македонија распишан на 30 септември 2018 година

27 септември, 2018

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо изразува загриженост од престојниот референдум во татковината Република Македонија за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Македонците во Република Албанија отфрлаат промена на името на државата Македонија и името на Македонскиот народ и тоа го сметаат за геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото. Македонците во Република Албанија и натаму ќе се борат за своите човекови права и слободи пред домашните власти и меѓународните организации, како неотуѓиво и неприкосновено право на самоопределување и самоидентификација. Македонско друштво “Илинден“- Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо укажува дека промената на името на државата ќе влијае врз идентитетот на Македонците во соседните држави на Република Македонија и целиот свет и поради тоа ги повикува Македонци во Република Албанија и во светот со македонско државјанство да го бојкотираат престојниот референдум распишан на 30 септември 2018 година!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Или Халилај