Click to print

Политичари, марионети на Западот

18 јуни, 2018

(од Бил Павловски)

Денес, група лажни политичари, марионети на Западот, кои веќе станаа најпрезрените злосторници во македонската историја, се сретнаа на брегот на Езерото Мала Преспа, изолиран крај кој Грција го анектираше во 1913, скриени како кукавици, далеку од бесните граѓани.

Со поддршка на ЕУ и други Западни господари, тие потпишаа договор со кој етнички ќе го исчистат македонскиот народ од нивната сопствена земја и од целиот свет, под изговор дека „ќе имаат попросперитетен живот“ со тоа што „можеби“, некогаш во иднина, ќе се придружат на Европската Унија во распад.

Македонскиот народ вечерва излезе на улиците и им покажа на овие никаквеци што мисли за нивниот катаклизмичен „договор“ со кој македонскиот народ и нација го губат идентитетот и слободата во секоја точка. Тие се спротиставија на нивната корумпирана „влада“, не под политички знамиња, туку под единственото знаме кое е важно - македонското знаме. Млади, стари, жени и деца, тие протестираа искажувајќи го својот отпор, мавтаа со своите македонски знамиња, и бараа оваа предавничка марионетска влада веднаш да се отстрани од власт, и веднаш да завршат сите политички игри со нивната земја и идентитет.

И додека Зоран Заев се смееше излезен на ручек со своите „пријатели“ (односно господари), со џебовите полни пари од ЕУ, тој им нареди на своите насилници во борбена опрема да ги нападнат македонските демонстранти и да ги замолкнат - со пендреци, оклопни возила и солзавци, додека тепаат и апсат мажи, жени, ДЕЦА и новинари по улиците.

Нема слобода во Македонија на Заев. Нема право на протест во Македонија на Заев. Нема право новинарите да ја кажуваат вистината во Македонија на Заев - а сега и Западните медиуми учествуваат со тоа што лажат за нив. И без разлика што ветуваше слоганот во неговата кампања, нема живот во Македонија на Заев, зашто во неговиот ум, Заев веќе стави крај на Македонија. Ваков ќе биде животот во „Северна Македонија“, а ќе стане и полош. Освен ако не се кренеме и не ги запреме.

Заев мора да си оди. Мораме да ја вратиме Македонија на Македонците.

Не ни требаат политичари и ветувања, ни требаат Македонци и дејствување. Ни треба Македонски претседател кој ќе стори се' што е во негова моќ да не' заштити, и ни требаат сите Македонци надвор на улиците додека ова не се оствари.