Click to print



Со секое „достигнување“, Заев распродава уште по едно парче од Македонија

29 јануари, 2018

Напишано од: Бил Павловски, Македонско меѓународно движење за човекови права

Со комплетирањето на уште едно задолжение од својот список „за продажба“, незаконската марионета-премиер, Зоран Заев, повторно предаде уште едно парче од македонското достоинство. За да покаже колку може да биде „пријателски настроен“ кон своите грчки соседи, Заев сега се согласи да ги смени името на новиот македонски аеродром и автопат - и двата именувани по Александар Велики. Се’ уште не се знае како сега ќе се вика аеродромот, но постојат сознанија дека автопатот - многу соодветно - ќе се вика „Пријателство“.

Нема сомнение дека со овој потег треба да се удоволи на желбите на неговите грчки пријатели, но Грците, се разбира, нема да бидат задоволни со овој мал чекор и ќе очекуваат Заев на тацна да им го предаде името на Македонија и идентитетот на сите Македонци.

Грците никогаш не го криеле фактот дека нивна крајна цел е Македонија да се избрише од мапата, а токму Заев е доволно блесав да им го овозможи тоа. Тој отсекогаш тврдел дека ќе најде начин да го „прекине конфликтот“ со Грците, уште од неговата „Шарена револуција“ во која фрлаше боја по историските споменици во главниот град на Македонија. Секој што е изненаден од постапките на Заев против македонскиот етнички идентитет, или ништо не знае и никогаш не чул ниту збор од тоа што Заев го кажувал, или лаже и сосема го поддржува под услов да добие неколку евра плус, како што тој им има ветено.

Откако на контроверзен и незаконски начин ја презедoa македонската влада, Заев и неговата предавничка СДС екипа предадоа дел од нашата најценета историја - Илинденското востание и секоја капка крв која нашите претци ја пролеаја за нашиот македонски народ - на неговите други пријатели, Бугарите. Тие исто така изгласаа и друг незаконски закон со кој албанскиот станува официјален јазик на целата територија на земјата, со иста важност како и македонскиот. Ова е победа без преседан на едно малцинство кое се служи со пренапумпани и непроверени бројки. Со помош на својот претседател на Собранието, албанскиот терорист и сепаратист Талат Џафери, Заев би можел да им даде уште повеќе на своите албански пријатели отколку само нови сигнали.

Ако има некој што верува дека Заев заврши со продавање на се’ што остана од независна Македонија и од нашиот македонски идентитет, реалноста е дека тој само што започна и дека најлошото допрва доаѓа. Оние што гласаа за него иако знаеја што ќе направи, ониe што гласаа со своите паричници наместо со своите глави и срца, или што гласаа само заради можноста да добијат пасош од ЕУ и да ја напуштат земјата, ќе бидат запамтени од своите семејства и пријатели кога ќе се спуштат завесите.

Оние Македонци кои од почетокот беа против Заев, но и оние кои сега сфаќаат каква грешка направиле со тоа што го поддржувале, треба сега да дејствуваат. Ако граѓаните на Македонија не дејствуваат и и’ дозволат на предавничката марионетска „влада“ на СДС да продолжи со својот план на разнебитување на последното независно парче од Македонија, тие ќе се каат за својата неактивност до крајот на животот. Нема веќе време за сомнеж и страв. Тркалото веќе се врти и во моментов никој не му се спротиставува на Заев, па дури ни главната опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, која, се чини, си стои на маргините и чека народот да ја поведе, наместо тие да бидат предводници, за што беа изгласани.

Додека едната партија со сите сили се труди да ја уништи Република Македонија за да им удоволи на сите освен на македонскиот народ, а другата воопшто не се труди да не’ одбрани, време е народот на Македонија да ја земе судбината во свои раце. Да застанеме сите заедно, по бројните примери на нашите претци, за НАШЕТО македонско име, НАШИОТ македонски идентитет, НАШАТА македонска историја и култура и за НАШАТА земја, Македонија...
...додека уште можеме да ја наречеме Македонија. Нашето име е Македонија. Бранете го.