Click to print

Соопштение за медиумите

Европската слободна алијанса се приклучи на повикот на ММДЧП за прекинување на антимакедонските преговори за името

13 јануари, 2018

ММДЧП со задоволство објавува дека Европската Слободна Алијанса се приклучи на нашиот повик да се стави крај на антимакедонските преговори за името и повика на поддршка за Македонија за остварување на најосновното право за самоопределување.

"ЕФА е единствената европска политичка партија која го брани правото на самоопределување, право засновано на меѓународното право. Правото да одлучувате за сопствената иднина истовремено значи и право да ја дефинирате и да ја именувате вашата земја. ЕФА ги поддржува демократските аспирации на Македонија како нација и како држава да си го избере своето име." - Гинтер Даувен, директор на ЕФА.

ММДЧП искрено и’ се заблагодарува на ЕФА за нејзината огромна поддршка и упатува повик до другите политички партии, до организациите за човекови права, до институциите како што се Обединетите Нации, Европската Унија и НАТО, како и индивидуалните држави да ги исполнат своите обврски според меѓународните конвенции за човекови права и да ги поддржат основните принципи на Македонија во остварувањето на човековото право на самоопределување.

Европската слободна алијанса, преку нејзините членови во Европскиот парламент, продолжува да биде силен застапник на македонското малцинство во Грција и Бугарија и на нивната борба за остварување на човековите права. ЕФА го вели следново:
"Од 1913 година, етничките Македонци биле предмет на етничко чистење од страна на грчката држава, одземање на нивната земја и државјанства, како и забрана на употреба на нивниот јазик во јавна и приватна комуникација. И покрај препораките на различни тела за човекови права, грчката влада се’ уште одбива да ги признае македонскиот јазик и идентитет".

Токму таа е и поентата, поткрепена и со јавно признание од поранешниот грчки премиер Мицотакис во 1995 година, дека Грција го иницираше бесмислениот спор околу името само за да се избегне признавање на неговото големо македонско малцинство и да негираат огромни злоупотреби на човековите права за тоа малцинство.

Покрај останатите, и Обединетите нации, Европскиот суд за човекови права, американскиот Стејт департмент и Европската комисија против расизам и нетолеранција заклучија дека Грција и Бугарија во континуитет ги прекршуваат правата на Македонците во нивните земји и ги повикуваа Грција и Бугарија веднаш да ги признаат македонските малцинства. Ова барање до нив го има и во повеќе пресуди на Европскиот суд. Следниот и единствен логичен чекор е овие меѓународни тела да ја признаат Република Македонија и да стават крај на антимакедонските преговори за името. Сегашната позиција на ООН, ЕУ и САД е поддршка на Грција во барањето Република да го промени името е во спротивност со горенаведените пресуди. ЕФА додава:
"ЕФА би сакала да ги потсети грчките државни и преговарачки медијатори дека самоопределувањето е меѓународно засновано право и дека тоа истовремено подразбира и право на избор на име на својата земја. Генерално, положбата на Македонците во Грција е неприфатлива и претставува кршење на меѓународното право!"

Не е само името на Македонија за коешто нелогично се преговара, туку од страна на сите релевантни фактори отворено се истакнува дека преговорите за името вклучуваат и преговори за името на македонскиот народ, за јазикот и за историјата. Со ова човековите права за Македонија и за Македонците се враќаат назад децении, ако не и векови.

Тактиката на Грција, со која тврдат дека Македонија е нивна, не им дава право да вршат дискриминација против етничката група којашто се обидуваат да ја искоренат. Културното отуѓување не може да биде наградено. Од тие причини, очекуваме и бараме меѓународната заедница, како што направиле и во минатото, да застанат зад Македонија и во одбрана на Македонците. Македонија е и отсекогаш била нашето име. Македонецот е, и отсекогаш бил, наш етнички идентитет. Нашите угнетувачи не можат да бидат наградени заради угнетување. Нашето име е Македонија. Дадете поддршка со ставање крај на преговорите за името.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.