Click to print

Соопштение за медиумите

Прекинете ги веднаш антимакедонските преговори за името - Нови билборди „Нашето име е Македонија“ се поставени низ цела Македонија

3 јануари, 2018

Најновата верзија на билбордите на ММДЧП „Нашето име е Македонија“, со коишто се бара итен прекин на расистичките и антимакедонски преговори за името, се прошири во 14 градови низ Македонија. Погледнете ја подолу листата на градови (*). И покрај тоа што Стејт Департментот и Зоран Заев забранија слобода во медиумите и слобода на изразување, ние во целост очекуваме и бараме од медиумите да го покриваат овој круцијален развој во одбраната на една земја и правото на еден народ да постои.

Од сите медиуми на кои што добиле закани ги повикуваме да не’ контактираат, со цел да можеме понатаму да ги изложуваме антидемократските и антимакедонски активности на сегашниот режим при нашите редовни средби на највисоко ниво со ‘западните’ влади.

Билбордите ги содржат следниве пораки:
- Не дозволувајте да бидете измамени со термините "меѓународна, билатерална и уставна"
- Ако името на Македонија се смени за било каква употреба, тоа ќе се смени секаде и засекогаш
- Дали сакате да бидете познати како „Новомакедонци", „Северомакедонци", „Скопјани", „Вардарци", или едноставно МАКЕДОНЦИ?

Она што ММДЧП постојано го предупредуваше, сега е и јавно објавено. дека македонското име, идентитетот, јазикот и историјата се предмет на преговори, со цел да се задоволат нашите угнетувачи.

Во целост очекуваме и бараме жестока одбрана на нашите најосновни човекови права, самоидентификација и самоопределување, како и одбрана на нашето право да бидеме она што отсекогаш сме биле - Македонци. Барајте крај на преговорите за името СЕГА.

Билборди се поставени во градовите: Скопје, Прилеп, Битола, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Куманово, Струмица, Кочани, Штип и Гевгелија.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.