Click to print

Декларација на Европската слободна алијанса:
Во врска со дискриминацијата на македонското малцинство во Бугарија и Грција


13 април, 2018

Генерално собрание на ЕСА, Лендшат, 13.04.2018, за ОМО „Илинден“ - Пирин и ЕСА - Виножито

Имајќи во предвид дека

a. Македонските малцинства кои живеат како локално населеие во Грција и Бугарија продолжуваат да се соочуваат со дискриминација, па дури и негирање на нивното постоење од страна на двете земји.

b. 10 години откако Бугарија стана земја-членка на ЕУ, статусот на македонското малцинство не се подобри. Срамно е што земја која моментално е Претседавач на ЕУ дискриминира малцинство на својата територија.

c. ЕСЧП има донесено многу пресуди против овие две земји, но без резултат. Пресудите постојано се игнорираат или не се имплементираат.

d. Неактивноста на ЕУ ги охрабри Бугарија и Грција нивната политика на негирање на постоењето на македонското малцинство да се подигне на меѓународно ниво и да им овозможи да ја злоупотребат нивната положба како членки на ЕУ за да го блокираат прогресот на земја-кандидат со тоа што ќе бараат Република Македонија да се откаже од нивната уставна заштита на македонското малцинство и дури да ги негираат основите на македонскиот национален идентитет, како што се името, историјата и јазикот.

e. Евентуалниот успех на ваквите политики на негирање на постоењето на македонската нација би ги претворило Македонците во нова бездржавна нација во Европа.

f. Заштитата на правата на малцинствата не е и не може да биде внатрешен проблем на земјите-членки на ЕУ, туку мора да биде предмет на заштита на ЕУ.

g. Односите меѓу нациите и земјите треба да се градат врз еднакви, демократски основи и меѓусебна почит.

h. ЕУ мора да презема активна и принципиелна улога во донесување на правични решенија за вековни конфликти и во спроведување на владеењето на правото. Европската слободна алијанса прогласува дека таа:

- Ја осудува политиката на дискриминација на македонските малцинства и негирањето на македонскиот идентитет во Бугарија и Грција, членки на ЕУ.

- Ја осудува злоупотребата на статусот земја-членка од страна на Грција и Бугарија во достигнувањето на недемократски цели кон членовите на македонските малцинства на нивна територија и на уценувањето на земја-кандидат.

- Ги повикуваат Грција и Бугарија да ги сменат своите политики по овие прашања во согласност со високите демократски стандарди на ЕУ, вклучително: - Да престанат со своите политики на негирање на постоењето на македонците и другите малцинства на нивна територија, и да им ги дадат на овие малцинства сите права од Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства. - Бугарија и Грција да мора да ја потпишат Европската повелба за регионални и малцински јазици и да ја имплементираат за македонското и други малцинства, како и да ги поддржат македонскиот јазик и култура.

- Ги повикува органите на ЕУ поактивно да се вклучат во решавање на следните прашања: - повторно отворање на прашањето за малцинствата во процесот на накнаден ЕУ мониторинг на Бугарија, и инсистирање на полна имплементација на копенхашките критериуми. - ЕК да започне истрага за ситуацијата на македонскотот малцинство во Бугарија и Грција.

- Повикува и ќе го поддржи создавањето на неопходно законодавство, институции и тела во ЕУ за заштита на правата на малцинствата.

######

Европската слободна алијанса (ЕСА) е политичка партија чија цел е идеата за „Европа на народите“ да стане политичка и културна реалност на европско и меѓународно ниво. Таа е збирна организација која обединува 40 прогресивни националистички, регионалистички и автономистички партии од цела Европска Унија (ЕУ) и претставува бездржавни нации, региони и традиционални малцинства во Европа. http://www.e-f-a.org


ОМО „Илинден“ ПИРИН е политичка партија која ги поддржува правата на македонскотот малцинство во Бугарија. Забранете е од 2000 година, и покрај Одлука на Европскиот суд за човекови права од 2005 дека одлуката е спротивна на Европската конвенција за човекови права. За повеќе информации, ве молиме посетете го www.omoilindenpirin.org

Европската слободна алијанса - Виножито е политичка партија на македонското малцинство во Грција. За повеќе индормации посетете го www.vinozito.gr, или на емаил vinozito@otenet.gr