Click to print

Соопштение за медиумите

Слободни демократски избори или продолжение на државниот удар под водство на САД?

28 октомври, 2017

Македонските локални избори од 15-ти октомври 2017 година беа полни со изборни нерегуларности предизвикани од САД. Изборните резултати би можеле да се прифатат како демократска волја на гласачите кога изборите би биле мирни, чесни и транспарентни. Но, не беа. Независниот кандидат за градоначалник на Кичево беше застрелан и убиен зашто се осмели да се кандидира против заеднички кандидат на СДС и ДУИ. Кандидатот на ДПМНЕ за градоначалник на Шуто Оризари беше нападнат и претепан пред изборниот штаб на СДС.

СДС прибегна кон насилство и тероризам. СДС купуваше гласови, се закануваше и напаѓаше и кандидати и гласачи. Како резултат на ова, локалните избори немаат легитимитет. Но, Стејт Департментот на САД, Амбасадата на САД во Македонија и Европската Унија не се огласија за ова прашање, затоа што тие одиграа огромна улога во организирањето на овие настани. Наспроти ова, сите минати грешки на ДПМНЕ додека беа на власт водеа до осуда и, конечно, до нивно симнување од власт.

Државната изборна комисија е одговорна за соодветно спроведување на изборите. Не можат да постојат фер избори доколку Државната изборна комисија предничи во организирање на изборни измами и потоа ги исклучува медиумите и јавноста од нивните расправи за изборните прекршоци, за најпосле да ги отфрли и сите поднесени приговори.

Тврдењата на САД, ЕУ и ОБСЕ за придржување кон владеењето на правото и демократските изборни стандарди звучат празно. Овие организации ги напуштија своите „морални начела“ за да го сменат режимот во Македонија.

Нашите организации бараат да престане западната дволичност и интервенционизам. Исто така бараме сите македонски политички партии еднаш да ги стават интересите на Македонија на прво место и да ја одбранат нашата земја од нападите врз нејзиното име, идентитет, етничко потекло и територијален интегритет.

Организација на Обединети Македонци во Канада
Македонско Меѓународно Движење за Човекови Права
Светски македонски Конгрес - Канада