Click to print

МАКЕДОНСКОТО ДРУШТВО „ИЛИНДЕН“ - ТИРАНА - Соопштение за медиумите

3 јуни, 2017

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана и Македонско друштво „Илинден“ - Тирана Огранок Голо Брдо со индигнација ја отфрла денешната малициозна изјава на лидерот на Социјалистичката партија и премиер на Албанија Еди Рама, митинг на Форумот на жените во Корча, минимизирајќи го бројот на Македонците во Албанија. Македонско друштво „Илинден“ - Тирана и Македонско друштво „Илинден“ - Тирана Огранок Голо Брдо потсетува дека Македонците не живеат само во општината Пустец, туку и во областа Голо Брдо, областа Горa, и на целата територија на Република Албанија.

Македонско друштво „Илинден“ - Тирана и Македонско друштво „Илинден“ - Тирана Огранок Голо Брдо изразува разочарување од Владата која не ги признава правата на Македонците на целата територија на Албанија туку само во општина Пустец, а кон останатите постапува дискриминаторски.

Македонско друштво „Илинден” - Тиранa
Претседател: Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден” - Тиранa, Огранок Голо Брдо
Претседател: Или Халилај