Click to print

Македонско друштво „Илинден” - Tирана

Благодарници „Илинден” по повод осумгодишнината од основањето на Mакедонско друштво „Илинден“ - Тирана

6 февруари, 2017


Претседателот на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод осумгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници „Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница „Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана. Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана, Република Албанија континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Една од задачите на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба сред населението во Албанија. Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница „Илинден”.

Оваа година Благодарница „Илинден” се доделува на:

1. Македонското меѓународно движење за човекови права - Торонто, Канада

2. Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија - Скопје, Република Македонија

3. г-дин Беќир Ала - Активист во Требиште областа Голо Брдо понарешен советник во Општина Требиште на Македонска Алјанса за Европска Интеграција, член на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана Огранок Голо Брдо

4. г-дин Мартин Бибовски - Добидник на конкурсот за логото по повод 10-годишнината од формирање на македонско друштво „Илинден” - Tирана - Скопје Република Македонија

5. г-дин Иќмет Ислами - Активист од Мало Острени (Малестрени) областа Голо Брдо член на Mакедонско друштво „Илинден” - Tирана


Македонско друштво „Илинден” - Тиранa
Претседател: Никола Ѓурѓај


Македонско друштво „Илинден” - Тирана

Улица: „Михал Грамено” 183, Тирана
Tел: + 38971946391 + 355692401778
е-mail: drustvo.ilinden.tirana@live.com
Web: www.ilinden-tirana.com
Национална Комeрециална Банкa - Албанија
IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK
IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR
IBAN:AL8120511021289300CLOTCFUSDE USD
SWIFT:NCBAALTX