Click to print

Македонско друштво „Илинден” - Tирана

Македонското друштво „Илинден” - Тирана го осудува барањето на Бугарија за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија

3 февруари, 2017


Македонско друштво „Илинден” - Тирана го осудува барањето на бугарските европратеници Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски во ЕП за признавање на бугарско малцинство во Република Албанија. Македонско друштво „Илинден” - Тирана ги отфрла тврдењата на бугарските претставници во ЕП, дека во Албанија има Бугари, како груб фалисфикат на историјата и вистината.

Во регионите Голо Брдо, Преспа, и Гора како и цела територија на Република Албанија ниту имало ниту има Бугари, така било, така и ќе остане. Македонско друштво „Илинден” - Тирана ги осудува активностите на бугарската држава, во обидите за фалсификат на историјата. Бугарија продавајќи бугарски пасоши на Македонците во албанија се обидува да создава Бугари во Албанија кои ги нема.

Бараме од албанската влада и од македонската влада да го осудат овој чин на бугарските претставници во ЕП и да побара Македонците од Албанија да не бидат злоупотребувани за стопирање на патот на Албанија кон интеграциските процеси кон ЕУ.

Македонско друштво „Илинден” - Тиранa
Претседател: Никола Ѓурѓај


Македонско друштво „Илинден” - Тирана

Улица: „Михал Грамено” 183, Тирана
Tел: + 38971946391 + 355692401778
е-mail: drustvo.ilinden.tirana@live.com
Web: www.ilinden-tirana.com
Национална Комeрециална Банкa - Албанија
IBAN:AL1520511021289300CLOTCLALLY LEK
IBAN:AL4820511021289300CLOTCFEURA EUR
IBAN:AL8120511021289300CLOTCFUSDE USD
SWIFT:NCBAALTX