Click to print

Соопштение за медиумите

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада - Побарано е Министерот за надворешни работи да ја повлече својата изјава за Македонија и да даде поддршка на суверенитетот на Република Македонија

20 април, 2017

Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов, се сретна со високи претставници на Департментот за дипломатски односи на Канада и побара Министерката за надворешни работи на Канада, Кристија Фриланд, веднаш да ја повлече контрадикторната изјава за Македонија, и да ја поддржи борбата на Македонија против странско мешање.

Во изјава дадена за Украина, министерката Фриланд го кажа следново: “Канада е непоколеблива во својата поддршка за Украина. Подготвена е да им помогне за да се зачува и заштити суверенитетот на Украина, како и да обезбеди помош за Украина за спроведување на клучните реформи.” Идентична изјава можеше да даде и за Македонија, но министерката Фриланд избра да го поткопа суверенитетот на Македонија барајќи мандат да се даде на коалиција чија јавно објавена намера е да се смени македонското име, идентитет, знаме, химна и грб, што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Во прилог на кампањата за оваа платформа, анти-македонската коалиција неодамна и официјално ја претстави во парламентот. Македонците масовно протестираат против оваа платформа и во одбрана на својата земја.

Занесеноста на министерката Фриланд е во очигледната причина за нејзината изјава да биде “...во согласност со Уставот”, бидејќи во македонскиот Устав е јасно истакнато дека мандат не може да се даде на коалиција која што претставува закана за „унитарниот карактер на Македонија“. Многу разбирливо. Отфрлајќи било какво странско мешање, немирите и масовните протести покажуваат комплетен недостаток на смисол за правичност од страна на Фриланд. Во најдобар случај, фактите покажуваат дека таа нема сознанија за моменталната ситуација, или во најлош случај, дека таа е соучесник во поддршката на странски интервенционизам во Македонија.

Соединетите Американски држави, некои земји од Европската Унија и, за жал, Канада, борбата на македонскиот народ за одбрана на својата држава ја третираат како борба на „леви против десни“. Ова не е прашање на политичка идеологија. Туку непартиска одбрана против платформа поддржана од САД, изготвена во Албанија под раководство на албанскиот премиер Еди Рама, а насочена кон редефенирање на македонската етничката припадност и суверенитет. Канада во минатото знаела да се спротивстави на ваква напади, а сега е дел од нив. Изјавата на министерката Фриланд е во спротивност со долгогодишната политика на Канада против странски интервенционизам и претставува всушност навреда за канадските вредности на правото на самоопределување и на човековите права.

ММДЧП бара од министерката Фриланд да ги објасни причините за нејзината изјава и да објави кога може да се очекува демант. Да се молчи за овој проблем не може да биде опција, особено што нејзината изјава ги разгорува етничките тензии во Македонија. Ова не е таа Канада што ние ја знаеме.


###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации: 1-416-850-7125, info@mhrmi.org, www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com/mhrmi, mhrmi.org/OurNameIsMacedonia.