Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

Соопштение за медиумите

ММДЧП се сретна со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски и го повтори барањето Македонија да ги прекине преговорите за името

21 ноември, 2013

Read this page in English

Print this page

ММДЧП се сретнаа со Попоски Торонто, Канада (21 ноември, 2013) – На 20 ноември, 2013 година, членовите на Македонското меѓународно движење за човекови права се сретнаа со македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски за време на неговата официјална државна посета во Канада и притоа го повтори барањето Македонија веднаш да стави крај на преговорите за името.

Претседателот на ММДЧП Бил Николов и членот на ММДЧП Марк Опашинов се сретнаа со министерот Попоски, македонскиот амбасадор во Канада Љубен Тевдовски и Генералниот конзул на Република Македонија во Канада, Драган Ѓурчевски.

ММДЧП побара од македонската влада да настапат поофанзивно со т.н. „спор за името" и да се потенцира бесрамниот расизам во Грција и вистинските намери во иницирањето на бесмислениот "спор за името", што е всушност искоренување на постоењето на Македонија и Македонците. Македонија мора да ја нагласи ирационалноста на смешните тврдења на Грција и да се спротивстави на теоријата дека тоа е „нова" нација, која што се обидува да го узурпира грчкото име. Грција анектираше половина од територијата на Република Македонија по нејзината поделба во 1913 година и го негираше нејзиното постоење сe до 1988 година. Македонија отсекогаш била познат како таква. Македонија мора да потенцира дека Грција е таа која што всушност се обидува да го узурпира името на Македонија.

Понатаму, ММДЧП побара Македонија да престане со дипломатска игра за нашето име и идентитет и да престане да му се додворува на Западот со продолжување на бесмислените преговори за името. ММДЧП истакна дека основната причина што Западбара од Македонија да го промени своето име е бидејќи таа продолжува со преговорите. Како капак на сe, Македонија веќе „капитулираше“ со согласноста за бесмислената привремената референца „БЈРМ", односно „Бивша Југословенска Република Македонија" и се согласи да го смени своето знаме за да ја смири државата која се обидува да го искорени постоењето на Македонија. Таквите отстапки само укажуваат на слабост на Македонија и подготвеност да попуштат која што, како што истакна и првиот посредник на ОН за спорот околу името, Робин О'Нил "...само ќе им даде повеќе сила и аргументи на Грција додека не ја оствари својата крајна цел - Македонија да исчезне од мапата."

Во прилог на неколку други клучни точки во кампањата „Нашето име е Македонија“, со која се бара Македонија да престане да преговара за своето име, ММДЧП ја истакна клучната точка дека било каква промена во билатералниот спор за името на Македонија со Грција ќе го смени името за меѓународна употреба.

Македонското меѓународно движење за човекови права, исто така, побара од македонската влада да биде многу поагресивна во заштитата на човековите права на Македонците во Грција, Бугарија и Албанија, исто како што државите Грција и Албанија го прават тоа за нивните малцинства на Балканот.

И за крај, ММДЧП ги повикува Македонците од Македонија и од целиот свет да се вклучат во кампањата „Нашето име е Македонија“ (
www.mhrmi.org/our_name_is_macedonia) и да побараат Македонија веднаш да стави крај на преговорите за името.

Контакт информации за Собранието на РМ можат да се најдат овде:

http://www.sobranie.mk/en/?ItemID=3117B2594B76DA4DA19ACBC1D4FAE5CE

###

Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на полето на човекови и национални права на Македонците и другите обесправени народи од своето основање во 1986 година. За повеќе информации:
www.mhrmi.org, twitter.com/mhrmi, facebook.com, info@mhrmi.org, 1-416-850-7125.


ММДЧП се сретнаа со Попоски

Од лево на десно: Членот на ММДЧП Марк Опашинов, Македонскиот амбасадор во Канада Љубен Тевдовски, Македонскиот министер за внатрешни работи Никола Попоски, Претседателот на ММДЧП Бил Николов и Генералниот конзул на Република Македонија во Канада Драган Ѓурчевски.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting