Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 

ММДЧП - Соопштение за медиумите

Недела на македонските човекови права на ММДЧП, 14-21 јуни, 2009

13 мај, 2009

Read this page in English

Отпечати ја страницата

Недела на ММДЧП Постер за “Недела на ММДЧП“

Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Торонто, Канада - Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) со задоволство ја најавува манифестацијата “Недела на македонските човекови права на ММДЧП“, која што ќе се одржи од 14 до 21 јуни, 2009 година. Ќе бидеме почестени и со присуството на претседателот на ЕЛБУЛ (Европското биро за помалку употребувани јазици) и член на Виножито, Насе Парисис и членот на ОМО "Илинден" - ПИРИН, Стојан Георгиев.

Активности ќе се одржуваат во текот на целата недела, во повеќе градови од Северна Америка, а ќе се заокружат со донаторскиот собир во недела, на 21 јуни во 12:30 часот, во црквата Св. Климент Охридски во Торонто. На донаторскиот собир ќе биде сервиран ручек, а почесните гости и организаторот ММДЧП ќе говорат за актуелните состојби со човековите права на Македонците на Балканот. Цената за учество на овој собир е 20 канадски долари. За донациите од 100 долари или повеќе ќе биде издадена 'донаторска даночна сметка'.

ММДЧП очекува дека во иднина Македонците (особено оние во Грција, Бугарија, Албанија, Србија и Косово) ќе бидат официјално признати и ќе можат да ги уживаат сите основни човекови права како што се слободата на говорот, слободата на верско изразување и дека ќе биде почитувано нивното право на самоопределување.

ММДЧП директно соработува со македонски организации за човекови права на Балканот и ги обезбедува со неопходна финансиска и логистичка подршка за нивните активности. Македонската заедница во светот е организирана и одлучна да ја продолжи нивната заложба за достигнување на универзални човекови права.

Најголемиот предизвик со кој што се соочуваме се финансиите. На Меѓународното македонско движење за човекови права му треба ваша подршка за да можеме да продолжиме да им помагаме на Македонците во нивната борба за човекови права.

Ве молиме да ја покажете вашата подршка со присуство на Донаторскиот собир за човекови права и да ја разгледате можноста за месечна, годишна, или еднократна донација, преку страницата www.mhrmi.org/donation.asp.

За билети или повеќе информации, ве молиме да го посетите вебсајтот www.mhrmi.org или да не' контактирате на телефон 416-850-7125, или info@mhrmi.org.
Однапред ви благодариме за вашиот интерес и подршка.

 
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting