Кликни за печатење

ГРЧКИ ХЕЛСИНШКИ МОНИТОР
Адреса: P.O. Box 60820, GR-15304 Glyka Nera
Телефон: (+30) 2103472259 - Факс: (+30) 2106018760

Е-маил: office@greekhelsinki.gr - Вебсајт: http://cm.greekhelsinki.gr/


МЕДИУМСКИ ИЗВЕШТАЈ

Грција: Новиот закон за радио дифузија ги ограничува малцинските медиуми, велат набљудувачите на медиумската слобода од ОБСЕ

29 јули, 2007

Грчкиот Хелсиншки Монитор го потенцира предупредувањето на ОБСЕ дека новиот грчки закон за радиодифузија сериозно го ограничува пристапот на малцинствата и како и целата заедница до радио програмата. Исто така, треба да се истакне дека предупредувањето на ОСЦЕ е речиси целосно игнорирано од грчките медиуми.

Новиот закон за радио дифузија ги ограничува малцинските медиуми, велат набљудувачите на медиумската слобода од ОБСЕ

http://osce.org/item/25793.html

Виена, 27 јули, 2007 - Миклош Хараџи, претставникот на ОСЦЕ, одговорен за слободата на медиумите, изрази жалење за новиот закон за радиолиценци во Грција, кој, според него го загрозува плурализмот во медиумите со поставувањето високи стандарди за малцинските, општинските и нискобуџетните медиуми.

“Законот за радиолиценци, кој беше изгласан во грчкиот парламент на 5 јули, а потоа потпишан и од грчкиот шеф на државата Карлос Папуљас, поставува непотребно ригидни услови за да се добие радиолиценца,” вели Хараџи.

За музичките радиостаници условите се да имаат 3 до 5 постојано вработени лица, за новите канали со поголем досег на емитување бројот на вработените е 20, додека минималниот депозит на финансиски средства се движи од 30 до 100 илјади евра. Дополнително, лиценците ќе бидат давани за 24-часовно емитување и основниот јазик на емитување да биде грчкиот јазик.

“Определбите на ОСЦЕ, имајќи ги предвид плурализмот на ставовите, се однесуваат на тоа сите заедници да имаат пристап до протекот на информациите и да можат да придонесат во таа насока. Секоја влада има одговорност да помогне во меѓусебното почитување и вклученост на сите,” додаде Хараџи.