Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


Либералната Партија на Канада застана во одбрана
на пратеникот со расистички погледи


27 септември, 2007

Read this page in English

Отпечати ја страницата

По расистичките коментари на пратеникот во канадскиот парламент Jim Karygiannis, со кои што тој Македонците ги имаенува како Скопјани, македонската заедница побара тој да биде казнет, а Либералната Партија јавно да се извини.
Меѓутоа, Либералите одлучија целосно да го игнорираат овој инцидент и испратија едно исто писмо до секој што искажа револт. (погледни долу)

Владата на Конзервативната Партија го повлекоа вистинскиот потег и направија нешто што Либералите одбегнуваа да го сторат за сите 12 години додека беа на власт, а тоа е признавање на Република Македонија под нејзиното уставно име и на тој начин уште еднаш ја докажа својата принципиелност во доменот на човековите права, изјави претседателот на ММДЧП, Бил Николов.

Повеќе информации во врска со ова прашање, ќе најдете овде:
www.mhrmi.org/news/2007/constitutional_name.asp


Одговор од Либералната Партија на Канада:

Г-дине Николов:

Во име на Либералната Партија на Канада, би сакале да ви се заблагодариме за издвоеното време да ни се обратите со писмо. Ги разгледавме вашите забелешки во врска со неодамнешните коментари искажани од почитуваниот Jim Karygiannis, пратеник во канадскиот парламент од Scarborough-Agincourt.

Г-дин Дион разговараше со г-дин Karygiannis во врска со неговите коментари. Исто така, вашиот е-маил го препративме и до г-дин Karygiannis.

Би сакале да ви ја објасниме позицијата на Либералната Партија во поглед на ова прашање. Претходната Либерална Влада го почитуваше меѓународниот компромис да се употребува името “Бивша Југословенска Република Македонија”. Додека се во тек преговорите за името меѓу двете држави, г-дин Дион, како лидер на Либералната Партија на Канада, ќе ја почитува одлуката донесена од Обединетите Нации.

Би благодариме за потрошеното време да и’ се обратите на Либералната Партија на Канада.

###

Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) активно работи на прашањата за човековите права на Македонците и другите обесправени народи од 1986 година. Нејзината главна цел е да се борат за сите основни човекови и национални права, вклучувајќи го правото за слобода на говор и здружување, и да ги подржат демократските начела за сите етнички Македонци и други обесправени народи. За повеќе информации, ве молиме контактирајте го ММДЧП на телефон 1-416-850-7125, или на е-маил: info@mhrmi.org.

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting