Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ММДЧП ги осудува бугарските медиуми
за клеветење против етничките Македонци


14 септември, 2006

Read this page in English


Македонско меѓународно движење за човекови права - Соопштение за медиумите

Македонско меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) го осудува оцрнувањето од страна на Информативната Агенција “Фокус” врз партијата на Македонското малцинство во Бугарија, ОМО Илинден ПИРИН. Фокус се ноторни со нивните анти-Македонски изјавувања и често наведуваат Бугари да осудат било какви изрази на Македонски идентитет. Македонците се често апсени, притворувани, заплашувани и тепани.

Во нивниот најнов напад на 12 септември, Фокус ги прикажа ОМО Илинден ПИРИН како “сеператисти” и тврдеше дека партијата плаќа луѓе за да потпишат да станат членови. За политичка партија легално да се регистрира во Бугарија мора да се соберат 5,000 потписи. Овој закон беше донесен во Бугарија пред решавањето на Европскиот Суд за Човекови Права кој ја осуди бугарската влада виновна за прекршување на човекови права и ја задолжи да овозможи легалната регистрација на ОМО Илинден ПИРИН. Лажните тврдења од страна на Фокус овозможи бугарски политичари отворено да почнат да ја напаѓаат македонската партија со легални процеси. Елиана Масева, член на политичката партија “Демократи за Јака Бугарија” кажа “Купување на гласови не е дозволено од легална и морална страна“ и додаде дека “...криминални закони постојат против такви акции. Филип Димитров, член на “Унијата на Демократски Сили изјави дека “за купување гласови се оди на суд”. Одговорајќи на Конгресот на ОМО Илинден Пирин, во јули оваа година, градоначалникот на Благоевград Лазар Прицкаров изјави: “Македонците треба да си одат во Македонија. Такви собири - на Македонци во Бугарија - не е легално.” Фокус го цитираше бугарскиот политичар Борис Јачев кој изјави: “надлежните авторитети мора да дејствуваат. Ако им се побара, членовите на ВМРО БНД ќе попречат било какви провокации врз бугарската национална безбедност и суверенитет.”

ММДЧП бара од меѓународната заедница и особено од Европската Унија, да изврши притисок врз Бугарија да го признае своето големо македонско малцинство и да му го додели сите права кои се гарантирани од страна на сите меѓународни конвеции за човекови права. Исто така, ММДЧП бара од Европската Унија да го услови влезот на Бугарија во Унијата и да не ја прима додека не го признае своето македонско малцинство.

Бил Николов, Претседател
Македонско меѓународно движење за човекови права
Адреса: 157 Adelaide St. West, Suite 434, Toronto, Canada M5H 4E7
Тел: 416-850-7125 Факс: 416-850-7127
Е-маил: info@mhrmi.org Вебсајт: www.mhrmi.org

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting