Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ОБСЕ - Средба за имплементација на човечката димензија
2 октомври – 13 октомври 2006, Варшава

Промоција на букварот на македонски јазик - Соопштение за медиумите

13 октомври, 2006

Read this page in English


Грчкиот амбасадор во ОБСЕ, Г-нот Хараламбос Г. Манесис стана првиот претставник на грчката држава кој официјално доби примерок од македонскиот буквар „Абецедар” за време на годишната средба на ОБСЕ за имплементирање на човечката димензија во Варшава. Оваа иницијатива на ЕСА-Виножито која беше топло примена од другите делегации, доаѓа како одговор на неодамнешните тврдења од страна на грчката држава дека сеуште не постои македонски буквар.

Претставникот на ЕСА-Виножито пред 50-те држави членки и бројните невладини делегации го изјави следново:

[i]“Ние, припадниците на македонската заедница во Грција, го направивме првиот чекор кон признавањето на македонскиот јазик во нашата земја со објавувањето на овој буквар. Иако веруваме дека грчката држава требаше да ја превземе оваа иницијатива која всушност претставува стандардна меѓународна пракса, продолжуваме да ја поттикнуваме нашата влада конечно да го воведе македонскиот јазик во државниот образовен систем.”[/i]

На Работната сесија на етничките малцинства на Средбата на ОБСЕ, делегациите на ЕСА-Виножито и Домот на македонската култура го потенцираа фактот дека Грција сеуште применува неприфатлива политика кога станува збор за етничката и лингвистичката различност.

ЕСА-Виножито би сакала да се надева дека овој симболичен гест како и издавањето на букварот на македонски јазик ќе ја натераат грчката држава да ја ревидира нејзината политика и во најмала рака да ги применува меѓународните и демократските искуства во заштитата на човековите и малцинските права.

Канцеларија за печат на ЕСА-Виножито

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting