Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ОБСЕ - Средба за имплементација на човечката димензија
2 октомври – 13 октомври 2006, Варшава

Работна сесија 13: Основни слободи, слобода на мислење, совест, религија или верување

10 октомври, 2006

Read this page in English

Излагање на Виножито - Организација на македонското национално малцинство во Грција


Г-дин Модератор, дами и господа,
Пред да почнам со моето излагање, дозволете ми да ја уверам грчката делегација дека во оваа попладневна сесија нема да зборувам за проблемите на македонското малцинство во Грција бидејќи забележав дека грчкиот амбасадор се чувствуваше малку “непријатно” во неговото реплицирање во утринската сесија...

Не постојат многу држави каде црквата и државата не се инстуционално разделени. Една од нив е Грција.
Според членот 3 од преамбулата на грчкиот устав:

“Доминантна религија во Грција е религијата на Источната грчка православна црква на Исус Христос”

Изразот “доминантна религија” не е само декларативна изјава. Тој доминира и во реалноста. Еве неколку примери:

Верските принципи на грчката православна црква се инволвирани и во образовниот систем како задолжителен предмет во јавните основни и средни училишта. Освен тоа учениците мораат секој училишен ден да го започнат со задолжителна источно-православна молитва. Ова е пракса низ цела Грција, дури и во училиштата кои имаат деца на емигранти чија вероисповест е не грчко-православна.

Друг пример за мешањето на грчката црква во образовниот систем е постојаното посетување на училиштата од страна на грчките православни свештеници. За време на овие посети, кои патем речено се легално дозволени, децата се поттикнувани да ги исповедаат нивните гревови пред свештениците за време на часовите. Сметаме дека тоа е неприфатливо и силно ја подржуваме неодамнешната иницијатива на Министерството за образование и религија да ја прекине оваа практика. Освен тоа ја повикуваме владата да го реформира ова министерство и да не ја вклучува религијата во рамките на истото.

Реформи се потребни и во другите области на јавниот живот. Во правосудниот систем, судиите се обврзани церемонијалните заклетви да ги дадат пред грчкиот православен Архиепископ. Соодветен пример е неодамнешната заклетва на новите судии пред Апелациониот суд. Со тоа неизбежно се поставува следното прашање: Како е можно граѓанин кој припаѓа на религија која е различна од православната, или кој воопшто не е верник, да се чувствува еднаков пред законот со оглед на тоа дека судијата има дадено заклетва пред официјален претставник на друга религија? И на оваа пракса треба се стави крај.

На крајот би сакал да заклучам, дека во моменталната ситуација на дебатирање за промена на грчкиот устав и покрај фактот дека многу експерти сметаат дека црквата и државата треба да бидат разделени една од друга, грчката влада даде наговестувања дека нема да има промени во моменталниот статус кога станува збор за религијата. Затоа и грчката црква ќе продолжи да игра голема улога во сите сфери на јавниот живот.

Ви благодарам на вниманието

     
Join Us Videos Follow Us

ACT NOW and SHARE

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016




Sign On & Show Your Support

Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2015 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting