Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ОБСЕ - Средба за имплементација на човечката димензија
2 октомври – 13 октомври 2006, Варшава

Работна сесија 12: Основни слободи, Слобода на движењето

10 октомври, 2006

Read this page in English

Излагање на Виножито - Организација на македонското национално малцинство во Грција


Благодарам Г-дине Модератор

Денес би сакал да зборувам за ускратувањето на слободата на движење од страна на грчката држава на лица родени во рамките на нејзините граници.

Иако членот 9.5 од Копенхашкиот критериум се вели дека државите ќе го почитуваат правото на секој човек да ја напушти било која земја, вклучувајќи ја и неговата држава и да се врати во истата, Грција постојано ја игнорира оваа обврска на ОБСЕ.

Во последните неколку децении грчките власти во повеќе случаи им имаат забрането на луѓе родени во Грција да влезат во земјата. Ова е случај со македонските политичките бегалци кои ја напуштија Грција за време на граѓанската војна пред 60-тина години. Нивниот влез е забранет бидејќи во земјите каде што живеат тие луѓе го изразуваат нивниот македонски идентитет. Грчката држава ги има ставено нивните имиња на црна листа со цел да го спречи нивниот влез во земјата.

Еве неколку примери за такви случаи: Минатата година на Ѓорѓи Плуковски, канадски државјанин со македонско потекло, му беше забранет влез во Грција кога се обиде да влезе во Грција од страна на Република Македонија. Истовремено му беше врачен документ од страна на граничните власти во кој пишуваше дека “го сметаат за закана по јавниот ред и мир, внатрешната безбедност, јавното добро или меѓународните релации со една или повеќе земји членки на Европската Унија.”

Еден неодамнешен пример е и случајот на Доне Димов, етнички Македонец роден во Статица/Мелас, во областа на Костур во Грција, кој моментално живее во Австралија. Тој се обиде да влезе во Грција пред два месеци, но исто така беше вратен од страна на грчките гранични служби.

Во друг настан кој се случи пред десетина дена, кога на Г-дин Ѓорѓи Сарагил, канадски државјанин, исто така роден во Грција и со етничко македонско потекло кој пристигна со авион на аеродромот во Солун, му беше забранет влезот, а потоа беше и депортиран.

Независно од овие случувања, грчката држава продолжува да им ги одзема државјанствата на членови на нејзиното македонско малцинство кои како економски емигранти престојуваат главно во прекуокеанските земји. Оваа дискриминаторна политика се води повеќе децении.

Грчките власти селективно го имплементираат членот 20, параграф 1Г од Грчкиот закон за државјанства кога станува збор за етничките македонски економски емигранти кои се активни членови на македонските асоцијации во странство и кои го изразуваат нивниот македонски културен, лингвистички и национален идентитет. Етничките Македонци од Грција дознаваат дека им е одземено државјанството само кога ќе се обидат да влезат во Грција привремено, или со намера за враќање во татковината. Лицата на кои им се одземени државјанствата во исто време се прогласени за непожелни во Грција (персона нон грата) и не е дозволен нивниот влез во земјата во која се родени ниту ни поради хумани причини. Минатата година, Г-дин Ѓорѓи Мишалис се обиде, а не успеа да влезе во Грција за да присуствува на погребот на неговиот татко во неговото родно село Воштарани/Мелити во Леринско. Последните неколку години Г-дин Мишалис живее и работи во Мелбурн, Австралија.

Ова однесување на грчката држава е одвратно, расистичко и нехумано, и мора да прекине веднаш. Ја повикувам Грција да го имплементира параграфот 9.5 од Копенхашкиот документ и да ги повика сите држави членки на ОБСЕ да се осигураат дека тоа е направено.

Ви благодарам на вниманието

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting