Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ОБСЕ - Средба за имплементација на човечката димензија
2 октомври – 13 октомври 2006, Варшава

Работна сесија 10: Демократијата на национални, регионални и локални нивоа

9 октомври, 2006

Read this page in English

Излагање на Виножито - Организација на македонското национално малцинство во Грција


Благодарам Г-дин Модератор

Како што знаеме, една од најосновните компоненти на нашата демократија е дијалогот. Дијалогот помеѓу граѓаните и државата, како и дијалогот помеѓу невладините организации и државата се најосновни за една демократија.

Денес би сакал да зборувам за неприфаќањето, односно за исклучувањето на Европската слободна алијанса - Виножито, партијата на етничкото македонско малцинство од овој процес од страна на грчката држава.

Накратко би потенцирал неколку посебни случаи: Во Мај 2004 година, ЕСА-Виножито напиша писмо до Министерството за надворешни работи на Грција во кое бара средба на која би разговарале за враќањето на македонските политички бегалци во Грција. Причината за барањето лежи во тоа што политичките бегалци се спречени во обидот да си ги повратат своите државјанства со дискриминаторните закони донесени од страна на грчката држава. Немаше никаков одговор на писмото.

Истата година, македонската политичка партија напиша писмо и до Министерството за образование на Грција со цел да побара средба на која би се разговарало за воведување на македонскиот јазик во грчкиот образовен систем. Повторно немаше одговор.

Во 2005 година, Виножито им пиша на Министерството за комуникации и на грчката национална телевизија и радио барајќи средба на која би разговарале за воведување на емитувања на македонски јазик на грчките национални медиуми. Уште еднаш, немаше одговор на писмото на Виножито.

Овој модел на однесување продолжи и оваа година во две ситуации кога ЕСА-Виножито побара помош од европските организации кои се нејзини партнери, Федералната унија на европските малцинства (ФУЕМ) и Европската слободна алијанса - Европска политичка партија (ЕСА-ЕПП), кои двете бараа средби со грчката влада.

Грчката влада се согласи да се сретне со нив, но даде до знаење дека нема да прифати присуство на членови на ЕСА-Виножито. Овој инцидент е поткрепен и со документ.

Затоа прашувам, бидејќи денес сите ние зборуваме за демократија, колку е демократски владата да одбие средба со легално регистрирана политичка партија?

За среќа денес на оваа средба на ОБСЕ, можеме барем да седеме на иста маса со претставницита на нашата влада.

Г-дин. Модератор,

Знам дека она што ќе го направам сега е невообичаено за овие средби, но ова е единственото место каде што можеме да оствариме дијалог со нашата влада. Дозволете ми уште еднаш официјално да ја поканам нашата влада на дијалог.

(Во тој момент претставникот на ЕСА-Виножито се доближи до грчката делегација и им даде писмо во кое ги поканува за започнување на дијалог.)

Благодарам за вашето внимание

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting