Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ОБСЕ - Средба за имплементација на човечката димензија
2 октомври – 13 октомври 2006, Варшава

Работна сесија 10: Демократски институции и слободни избори

9 октомври, 2006

Read this page in English

Излагање на грчката делегација - користејќи го правото на реплика


Дозволете ми да појаснам некои работи, како одговор на изјавите дадени од претходните говорници.

1. Што се однесува до изјавата на претставникот на муслиманското малцинство во Грција, би сакал да потенцирам дека принципите на државната политика спрема муслиманското малцинство се ставени во функција на еднаквоста пред законот и еднаквоста во заштитата од законот без дикриминација.
Правата на членовите на муслиманското малцинство во Тракија се потполно загарантирани и ефективно заштитени во едно општество каде владее правото на законот.
Нашите муслимански сограѓани активно учествуваат во јавниот живот на земјата и многумина се членови на политички партии и локалните власти. Отприлика тристотина муслимани држат места во префектурните и градските совети во Комотини и Ксанти.
Во врска со коментарите на говорникот на реакциите на кандитатурата на Г-ица Карачасан, млада адвокатка-муслиманка, која се кандидираше за место во канцеларијата на префектот, дозволете ми да ви посочам дека на оваа кандидатура цел еден спектар од политичките партии во Грција гледаат како на природна последица во процесот на потполната интеграција на муслиманското малцинство во јавниот живот.

2. А што се однесува до изјавата на другиот говорник, кој говореше во името на организацијата “Коалиција Виножито“ и кој тврди дека е претставник на таканареченото македонско малцинство, би сакал да напоменам дека такво малцинство во Грција не постои. Всушност постојат 2,5 милиони грчки Македонци, горди на нивното наследство и традиции, кои датираат илјадници години наназад.
Горенаведената организација сосема слободно учествуваше на последните неколи политички избори , при што се виде дека нивната постојаност е непостоечка. Како за пример, тие на парламентарните избори не освоија повеќе од 0,02% од гласовите, и покрај тоа што учествуваа во коалиција со други помали групи.

На крај би сакал да потенцирам дека во мојата земја сите партии и организации уживаат, како пред законот, така и во пракса, потполна застапеност во економскиот, социјалниот, културниот и политичкиот живот.

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting