Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
 


ОБСЕ - Средба за имплементација на човечката димензија
2 октомври – 13 октомври 2006, Варшава

Работна сесија 10: Демократски институции и слободни избори

9 октомври, 2006

Read this page in English

Излагање на г-дин Зоран Тодоров, член на делегацијата на Република Македонија -
користејќи го правото на реплика



Г-дин Модератор

Дозволете ми во името на делегацијата на Република Македонија, да реплицирам на изјавите кои ги дадоа истакнатите претставници на Грција и Бугарија.

Одговорот на прашањето за (не)припаѓање на национално малцинство не е суверено право на државите, а кога го кажувам тоа мислам на параграфот 32 од Копенхашкиот документ: (цитирам)

„Припадноста на некое национално малцинство е прашање на индивидуален избор на личноста и не смеат да произлезат никакви проблеми од практикувањето на таквиот избор“. (крај на цитатот).

Слична одредба се наоѓа и во Рамковната конвенција за национални малцинства на Советот на Европа.

Постоењето на население кое се препознава себеси како македонско, во етничка смисла, во овие држави, е всушност признато од неколку искусни, компетентни и широко прифатени и познати меѓународни форуми и нивните тела, сопственици на меѓународно прифатени механизми за мониторинг. Дозволете ми да набројам само две од нив:

- Европската комисија против расизам и нетолеранција на Советот на Европа и
- Европскиот суд за човекови права,

Нивните заклучоци, препораки и пресуди се задолжителни за членовите на Советот на Европа и би требало да бидат почитувани и од Грција и Бугарија како од признати демократски држави, членки на сите поглавни меѓународни организации како и актуелните (Грција) и идните (Бугарија) држави членки на Европската Унија, чии стандарди треба да служат како пример за останатите држави.

Ви благодарам Г-дин Модератор

     
Join Us Videos Follow Us



ACT NOW and SHARE

Macedonian newspaper
in Albania

Proudly supported by MHRMI

MHRMI needs your support

Can you spare a dollar a day for Macedonian human rights?
The Macedonian human rights movement in all parts of Macedonia is stronger and showing more potential than ever, but we need your help to continue our progress. Get involved. Volunteer. Donate. Join the MHRMI Dollar a Day fund and make a difference.

You can make a difference for Macedonians struggling to achieve their human rights. Please do it today. Thank you for your support.


Click here for more info
June 2016


Search the Web
Search the MHRMI Archives
 
© 1997-2017 Macedonian Human Rights Movement International - All Rights Reserved.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting